Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и за Maкедонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и за Maкедонија
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и за Maкедонија

Објавено January 22, 2025 08:15
Сподели
Сподели

Во вчерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски истакна дека присуството на премиерот Мицкоски во Вашингтон на чинот на инаугурацијата е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и државата.

„Според мене ова присуство на премиерот Мицкоски на инаугурацијата на претседателот на САД во Вашингтон дефинитивно ја фрла во сенка тезата на ДУИ предизборна „За Европа“, „Против Русија“. Се гледаше дека тој е измислен слоган е параван зад кој се криеја можеби незаконитости направени од ДУИ, а ДУИ сакаше да ги покрие со некаква поларизација и стигматизација дека некој е вечно прозападно, а некој вечно стигматизиран дека размислува на некој поинаков начин“, истакна Милошоски.

Милошоски продолжи и додаде:

„Никој не може веќе да жонглира и манипулира со таквите тези за анти америкаризам, авторитаризам и сметам дека во овој случај ДУИ е пред предизвик да докаже во што верува. Владата докажа и пред народот со добиената доверба за што се залага и за овие меѓународни активности доби потврда и на меѓународен план за своето ниво на репутација и во Вашингтон, Берлин, Брисел и на други места, а сега ДУИ треба да се докаже кои се нивните вредности и тоа што го зборуваа против Русија, за Европа да докажат дали во Европа еден доскорешен вицепремиер би бегал од правосудните органи доколку е чист како солза со неговите објави на социјалните мрежи и дали долгогодишниот градоначалник на ДУИ исто така во Струга кој се најде во црната листа дали и тој е чист како солза“, вели Милошоски.

Според Милошоски ДУИ треба да поминат еден период за здраво да се трансформираат и да заборават на поларизација.

„Затоа сметам дека ДУИ треба да си помине еден период на здрава трансформација, да заборави на тие поларизирања, злоупотреба на термините русофилија, албанофобија, проамерикански, антизападни, антиамерикански и слично и да си се погледне во огледало и да си види кои им се клучните грешки во изминатите 20 години и што можат зад себе да направат за да ја фрлат од себе онаа перцепција и индиции за вмешаност во висока корупција и сериозен криминал. Ако сакате да бидете сериозен сојузник во НАТО тогаш мора да посветите многу големо внимание на владеење на правото бидејќи ако корупцијата може на највисоко ниво да ја развиете во лотарија тогаш може да пренесете и во АРМ и да продадете некоја државна тајна која е штетна не само за Македонија туку и за целата алијанса и затоа мислам дека ДУИ треба да се преиспита, реформира и малку да погледне внатре во своите редови за да си направи прочистување на тие редови“, јасен е Милошоски.

Милошоски истакна дека ставањето личности на црната листа на САД е силно испратена порака до ДУИ.

„Ставањето личности на црната листа на САД беше силна порака до ДУИ дека незаконитото работење или вмешаноста во висока корупција за што има сериозни индиции не може да се покрие со европско знаменце или со американско знаменце. Поминаа тие времиња кога реточки се кажуваше дека сте за Америка, за Британија, за Европа, за НАТО и слично а во позадина да работите спротивно на тие вредности и да ја осиромашувате државата, да ги слабеете институциите кои губеа доверба кај граѓаните и со самото тоа да назадува целата држава на штета на сите граѓани. Оваа порака беше токму и до ДУИ и до другите политички субјекти дека во следниот период ќе се ценат многу работи, но најмногу ќе се цени сериозниот ангажман во борбата за владеење на правото што е дел од приоритетите на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери“, заклучи Милошоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Во што ќе се вози Трамп: Оклопниот „Ѕвер“ е вистинска тврдина на тркала, а чини 1, 5 милиони евра
Следна Статија ЛШ: Ливерпул не запира, Барселона направи чудо во Лисабон (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: Се чепне ли јазикот, нема веќе Рамковен договор

Тоа што се прави после трагедијата во Кочани е селективна етничка, партиска, политичка поларизација за да се заштитат своите по…

May 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да живее Македонија! – Орбан му се заблагодари на Мицкоски за заштитата на европската граница од миграцијата (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави премиерот Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти. Орбан…

May 29, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?