Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за транспорт: Македонија сака пруга кон Бугарија, но не прифаќа реализација на проект што завршува во тунел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Министерство за транспорт: Македонија сака пруга кон Бугарија, но не прифаќа реализација на проект што завршува во тунел
ЕКОНОМИЈА

Министерство за транспорт: Македонија сака пруга кон Бугарија, но не прифаќа реализација на проект што завршува во тунел

Објавено October 17, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, останува целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8.

Ова, како што соопшти Министерството за транспорт, бил ставот на македонската делегација составена од директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и Државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската Унија вчера во Брисел остварила работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговарало за железничкото поврзување меѓу двете земји.

Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесносот од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко пооврзување, беше потенцирано од претставниците на македонската делегација. Единствен услов прифатлив за Македонија за реализација на овој проект е доколку Бугарија започне со проектирање на тунелската цевка и двете земји и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот со што овој проект би имал смисла и би се остварила целта на регионална интеграција како дел од европската транспортна мрежа. Мора да има нов повик кој би бил заеднички проект спроведен од Македонија и Бугарија се со цел во исто време да се гради пругата, во духот на добрососедството. Исто така мора да се ревидира и цената бидејќи сметаме дека е превисока, се наведува во соопштението.

На состанокот од страна на претставниците од Бугарија е истакнато дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но е изразена подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.

На средбата е заклучено двете страни да остварат уште една работна средба на крајот на овој месец со детали околу заедничката реализација на овој проект.

Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа, стои во соопштението од Министерство за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЕТАЛИ: Тројца загинати во сообраќајката кај Катланово, тешко повредени 5 лица
Следна Статија „Плачеше, викаше дека ја нема Данка“: таткото на убиеното девојче во обвинителството раскажа за исчезнувањето на детето и обвинетите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот

„Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси…

March 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи,…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Овие земји би можеле да бидат првите кои ќе го укинат кешот

Безконтактните плаќања не покажуваат знаци на забавување по пандемијата, при што земјите како Норвешка и Финска се приближуваат до безготовинските…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?