Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Објавено December 26, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново ќе бидат функционални, а неговото извинување дел од медиумите погрешно го пренесоа, затоа што тој им се извини на граѓаните на овие две општини заради неодговорните градоначалници.

„Забележав дека дел од медиумите погрешно го пренесоа извинувањето, тоа беше до граѓаните на Липково и Арачиново заради непријатностите предизвикани како резултат на изјавите на неодговорни градоначалници. Што се однесува до работата на Фатмир Лимани можам да кажам дека би ја оценил со највисока оцена, нешто кое што претпоставувам дека вие како ДУИ изминатите години исто такво мислење имавте за него“, рече премиерот Мицкоски на пратеничко прашање од пратеничката Рина Ајдари за градинките во Арачиново и Липково.

Премиерот Мицкоски истакна дека како претседател на влада е исклучително задоволен од работата на министерот Лимани и го охрабрува така да продолжи да работи.

„Што се однесува до начинот како функционира системот на обезбедување на согласност од Министерството за финансии, сакам да кажам дека тој процес започна институционално од самите општини до Министерството за социјална политика, демографија и млади. Што значи дека министерот Лимани потпишал, не е точно дека не потпишал и го испратил тој документ до Министерството за финансии од каде добил повратен позитивен одговор“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека до крајот на оваа недела проблемот се очекува да биде расчистен.

„Во текот на вчерашниот ден комуникацијата е реализирана од министерот Лимани до самите општини и градинките, кои за жал ДУИ додека беа во влада не ги пушти, ќе бидат оперативни и функционални“, рече премиерот.

Премиерот Мицкоски и порача на пратеничката наместо да ги става децата во политичка битка има полегитимни начини како политички да се борат.

„Има поконкретни начини како тоа да го направите, но вие одлучивте да ги злоупотребувате децата. И тоа, според мене не е добро, но тоа е ваша одлука и вие мислите дека така треба да ја водите вашата политичка битка“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време
Следна Статија Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ не работи поради голем дефект

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Проданоски: Граѓаните гласаа за да има правда во државата и тоа се реализира

Во вечерашното гостување на Телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски кој се осврна на…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 се испратени на дополнителни прегледи на „Пулмологија“

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово 7-ми во светот со најзагаден воздух

Утрово во главниот град воздухот е опасен за дишење. е се најде како 7-ми град во светот во непопуларната ранг…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?