Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Објавено October 17, 2024 22:46
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“.

Мицкоски потенцира дека иако веќе 2 години, 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.

Е, сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен.

Сега ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, тој патен правец, иако морам да признам до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кој што ги има Градот Скопје на својата сметка од страна на државата префрлени, па се бараат градежни фирми кои што тоа ќе го изведуваат и итн, има институции со тоа што се занимава.

Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени, дециден е Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Баба влегла кај внукот на час и недолично се однесувала
Следна Статија Израел тврди дека е убиел лидерот на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir

Скопје, македонската престолнина, вечерва се наоѓа на осмото место на глобалната листа на градови со највисока загаденост на воздухот, со…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започна реконструкцијата на скверот позади ТЦ „Капитол“ во вредност од 45 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почеток на реконструкцијата на скверот позади ТЦ „Капитол“, проект во вредност од 45 милиони…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?