Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот

Објавено December 24, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Владата има легитимитет од повеќе од 600 илјади граѓани коишто на 8 мај го дадоа својот глас. Ова е можеби една од ретките влади, која што има близу 80, а можеби и повеќе од 80 пратеника, поддршка во рамките на Парламентот. Да точно, оваа Влада е без Демократската унија за интеграција и тоа ние го кажавме и тоа кога го зборувавме кажавме и причини зошто е тоа така, нагласи претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање, за констатацијата на опозициската партија ДУИ, од каде посочија дека Владата нема етнички легитимитет.

Меѓу другото премиерот изјави и дека ваквите политички пораки, без разлика на етничката припадност, мудриот народ ги одбива. Иако од опозициската ДУИ и понатаму продолжуваат да го делат народот, наместо да се извинат и да ги побараат бегалците од правда да се вратат.

Гледам дека од таму сѐ уште како да не ја научиле лекцијата. Во отсуство на било какви други идеи коишто ќе значат подобар живот за граѓаните тие се обидуваат да ги поларизираат граѓаните и мислат дека таквата политика им носи резултати. Јас мислам дека е погрешно сето тоа и тоа го гледаат впрочем на мерењата на јавното мислење. Но добро, оние ако мислат дека така треба да продолжат да работат, нека си работат, тоа е нивна работа. Наместо да се извинат и да побараат бегалецот од правда, односно бегалците од правда да се вратат, тие продолжуваат и понатаму да го делат народот. Но, народот е мудар без разлика на етничката припадност, народот е мудар и овие политички пораки од опозицијата ги одбива и тоа е добро и така ќе продолжи во иднина, објасни премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
Следна Статија Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Хајрулахи: Не може вечито да постои една Пржинска влада, општеството е созреано, веќе нема потреба од неа

Позитивно тоа што лека полека се трга тој багаж од минатото, за да се изгради едно цврсто општество во кое…

January 15, 2026
ПОЛИТИКА

Екс-министерот Бектеши вели дека Бајрам Реџепи се фатил за пушка во 2001 година, затоа бил добар за градоначалник на Тетово?! (ВИДЕО)

Поранешниот министер од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, на настан на партијата пред изјави своите членови продолжува со радикални изјави.…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ацевски од СДСМ поднесе оставка и го повикува Филипче и целото раководство на СДСМ да го сторат истото

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски после катастрофалниот пораз на овие локални избори поднесе неотповиклива оставка од…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, апелираат од ВМРО ДПМНЕ

СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?