Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

Објавено December 26, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше.

„Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе навреди и квалификации. Чувствувајте се безбедно, се надевам после овие години минати во Парламент, минати на грбот на граѓаните ќе имате богата новогодишна и божиќна трпеза и ќе уживате во мирот и безбедноста што оваа влада предводена од коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ во која составен дел се коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ овие денови ќе ви бидат безбедни и мирни, не треба да се грижите и за годините кои следат“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Горан Мисовски поврзано за безбедносната состојба.

Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Мисовски да ги повика на одговорност сите оние кои му биле идоли и коалициони партнери да се вратат и да дадат одговор пред органите, поради криминалот за кој постојат основани сомневања дека го правеле.

„Во оваа мирна и безбедна Македонија ќе можете да се почувствувате и вие горди кога овие 3% раст од економијата во третиот квартал, сега во четвртиот ќе бидат 4%. Буџетскиот дефицит ќе биде помал од 4% што ќе се намали за прв пат после долги години јавниот долг. Ќе ги гледате среќните лица на пензионерите коишто ќе добијат покачување од 5.000 денари, ќе ги видите радосните лица на вработените во јавната администрација кои за прв пат ќе имаат К15, средства кои за жал вие не ги предвидовте“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека во оваа безбедна и мирна Македонија, вработените во образование и здравство добиваат повисоки плати, и може да си дозволат повеќе од тоа што можеа да си дозволат изминативе 7 години кога влада беше СДСМ и ДУИ, а исто така сега со новата влада има рекордни откупни цени за земјоделците.

Ќе гледате како министрите од оваа влада која обезбедува безбедна и сигурна европска Македонија се борат да го вратат достоинството кое вие го распродадовте изминативе седум години. Разбирам дека ова вас не ви значи ништо, што е за човек кој нема достоинство да повраќа достоинство, ништо. Ние ќе се бориме да го повратиме тоа кое го распродадовте и секоја година по малку ќе дојдеме до тоа што му е потребно на македонскиот граѓанин“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра
Следна Статија Мицкоски за работа во недела: Или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рама од Скопје : Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не го познавал Ненад Савески пред да биде донесена одлуката за негов предлог за…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам чувство дека набргу ќе се гонат високи функционери од претходната влада на СДСМ

Немам информации, но имам чувство дека високи функционери од претходната влада на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), како поранешни премиери и нивни…

April 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?