Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез

Објавено January 31, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржуваат денешниот бојкот на големите ланци маркети и сметаат дека единствен начин за решавање на проблемот со високите цени, е дијалогот меѓу производителите и продавачите.

-Ќе поддржам се што има реална основа, а има реална основа овде да се реагира. Сепак, како претседател на Комората во која членуваат и ланците маркети, ќе инсистирам да се најде решение низ дијалог. Македонија е толку поделено општество што нови поделби не и се потребни, потребен и е дијалог да ги решиме старите. Како заштитник на компаниите, дијалогот е излез од оваа ситуација, проблемот меѓу производителите и продавачите не е од сега, туку од поодамна, а може да се реши само со разговор. Кај нас таков дијалог се одвива постојано, настојуваме да се спречи секаков потрес меѓу нив за да не се одразува врз стандардот на граѓаните. Овие нови форми и методи на вакви активности преку социјалните мрежи ќе станат секојдневие и ние треба да ги почитуваме и да ги поддржуваме, но тоа треба да биде и знак за сериозен разговор што ќе доведе до решение. Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и нормално, со останатите чинители, рече Азески, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на Институтот за извоз во Комората.

И премиерот Мицкоски напомена дека дијалог мора да има за да се најде решение. Тој повтори дека има целосно разбирање за организирањето бојкот на маркетите, како и дека некои економски оператори ја злоупотребуваат својата положба на пазарот.

-Дадовме шанса на дијалог и во иднина ќе даваме. Дијалог мора да има за да се најде решение. Тоа е алатка што ја користиме и ќе ја користиме и тука нема никаква дилема. Но, истовремено, уште вчера, детектирав и други области кои исто така влијаат негативно врз стандардот на граѓаните. Мора да признаам дека има некои економски оператори кои ја злоупотребуваат својата положба на пазарот. За мене, пред се како граѓанин, е нелогично исти производи во маркетите кај нас да бидат со исти или повисоки цени од маркетите во соседството или исти лекови кај нас да се два до три пати поскапи или бела техника, не може кај нас да биде до 50 отсто поскапо. Како човек е логично да изразам разбирање за постапката на граѓаните, но и како премиер. Не можам само да седам на страна и само да набљудувам, истакна Мицкоски.

Според него, Владата може заедно со бизнисот да дефинира приоритети и тоа го прави.

-Тоа што го бара бизнисот од нас се трудиме да го испорачаме, тоа што е разумно, а тоа што не е, го преговараме. Тука се парафискалните давачки, регулаторната гилотина, намалување на царински ставки за одредени артикли, овозможуваме најевтин кредит во Европа за нашите форми, правиме реформи, во земјоделството ги вративме сите долгови што ги наследивме, поделивме плати кои со месеци доцнеа во јавните претпријатија,…, работиме на тоа да има добар инвестициски дух, да нема притисоци, политички уцени и закани, рекетирања, непредвидени даночни политики,… Тоа е она што ние го правиме овие осум месеци, се останато е двосмерна улица, ќе треба и бизнисот и потрошувачите и Владата, сите заедно да делуваме. Како што изминативе осум месеци имало дијалог и состаноци, немало вкупно порано. До овој момент како Влада сметам дека и ја консолидравме состојата во државата и направвме потези кои цениме дека се во насока да ги подобриме условите за водење бизнис и мислам дека делумно успеавме, но ќе треба повеќе време, за осум месеци чуда се невозможни, потенцира Мицкоски.

Азески во овој контекст порача дека ветеното треба да се реализира.

-Приоритетите треба да бидат финансиски поддржани од Буџетот, а не ветени, мора да се реално поставено за да имаме конкретен резултат. Имаме изградени системи, ни треба само корекција. Убедени сме дека и Владата и сите чинители прават во рамки на своите можности, но јас лично не сум задоволен од јавниот настап, нема сериозни групации во државата кои ќе направат корекција на предлозите и политиките, не ја гледам академската заедница, МАНУ, невладиниот сектор,… Ако сите го засилат своето присуство, тогаш и Владата ќе има поинаков третман, ќе знае каде да ги насочи своите приротети, рече Азески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање
Следна Статија Одреден 30-дневен притвор за момчето што ја прегази Фросина Кулакова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата донесе одлука – Нема да растат платите на именуваните и избраните лица

Македонската Влада донесе одлука да не растат платите на именуваните и избрани лица. ПРемиерот Христијан Мицкоски преку социјалниите мрежи информира:…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал

Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен раст од 3.2%

Денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем. Еве…

June 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?