Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
ПОЛИТИКА

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност

Објавено November 2, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме. Пораката од премиерот Мицкоски беше по барање од новинарите за коментар на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година.

– Јас разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозиција, исплашени дека конечно ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борба против криминалот и корупцијата. Знаат се што имаат правено во изминатите 20 години, свесни се и знаат дека полека но сигурно доаѓа денот кога ќе треба да  бидат одговорни.  Затоа, како резултат на тој страв, тие би рекол непринципиелно се храбрат и мислат дека на тој начин ќе магнетизираат повеќе гласачи, изјави премиерот Мицкоски по извршениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

Оваа Влада, нагласи тој, има четиригодишен мандат, а повеќе од 600 илјади граѓани пред речиси шест месеци застана позади оваа Влада и коалиција. Наш приоритет, истакна Мицкоски, е да го испорачаме тоа што граѓаните го очекуваат од нас.

– Тоа е борбата против криминалот и корупцијата, реформите, напорна работа, проекти… Тоа е она кое ние го ветивме и тоа е она што во овие четири години планираме да го испорачаме, рече премиерот Мицкоски, кој заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски извршија надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д..

Додаде дека она што го кажал за време на пратничките прашања во Парламентот, било со цел да излезат на површина, како што рече, сите лажни лица што ги има во опозицијата.

– Меѓусебе се храбрат, а кога ќе дојде работата да се испорача таа храброст, некако кукавички се затскриваат и јавноста беше свесна за одговорот што дојде од СДСМ дека тие практично како политичка партија се научени само да импровизираат, а не да испорачаат нешто што е важно за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС
Следна Статија Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Владата итно да ги прифати нашите предлог- законски решенија за запирање на кризата со цените

Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, се…

March 16, 2026
ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Димитриевски до Филипче: Не се плашиме од вашите „предупредувања“ и притисоци кон членовите на ЗНАМ

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска на прес конференција откри дека добивал стотици пораки од негови членови и поддржувачи, луѓе…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?