Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Објавено January 2, 2025 21:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по нападот во Црна Гора, во кој 12 лица ги загубија животите и четири се повредени.

-Во овие тешки мигови, од името на Владата, како и од мое лично име, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите кои го загубија најмилото. Нивната болка е неизмерна, а загубата непоправлива. Нашите мисли и молитви се со нив, како и со сите кои беа погодени од овој трагичен чин.

Длабоко сочувствуваме и со граѓаните на Црна Гора кои во овој момент се соочуваат со голема тага и вознемиреност. Оваа трагедија е потсетник за важноста на заедништвото и солидарноста помеѓу народите во регионот, особено во моменти кога се соочуваме со вакви трагедии што оставаат длабоки лузни во општеството.

Упатуваме поддршка до сите надлежни институции во Црна Гора кои со голема посветеност работат на расветлување на овој немил настан и на враќање на мирот и безбедноста во заедницата. Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови и останува подготвена да понуди каква било поддршка што би била потребна.

Нека почиваат во мир сите невини жртви, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, објави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Контактибилно и во стабилна состојба е детето пронајдено кај Рашче по излетувањето на автомобилот
Следна Статија Детали за убиството во Тетово: Таткото го усмртил синот пред два дена по меѓусебна тепачка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Миноски: Борбата против корупција и криминал!

Согласно сите релевантни извештаи, корупцијата е еден од најголемите предизвици за нашето општество. Затоа, сите активности на институциите насочени кон…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: За неполн месец пуштени во сообраќај три делници, има разлика нели

Професорот Јове Кекеновски на социјалните мрежи пишува дека тоа што ќе се вети мора да се реализира, а последните настани…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол

Ни капка вода не тече од втори до 19 кат во зградата на МРТВ. Стотици вработени во повеќе државни институции…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан

Зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во инфраструктурата – ова е во фокус на состанокот меѓу…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?