Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе продолжам да упатувам пораки судиите и обвинителите да стават фокус на справување со криминалот и корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе продолжам да упатувам пораки судиите и обвинителите да стават фокус на справување со криминалот и корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе продолжам да упатувам пораки судиите и обвинителите да стават фокус на справување со криминалот и корупцијата

Објавено December 4, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Секој којшто нема да ја оправда довербата, без разлика на неговата улога во општеството треба да си замине, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во однос на оставката на досегашната претседателка на судскиот совет, Весна Дамева. Мицкоски најави дека ќе продолжи да упатува пораки кон обвинителите и судиите, како што рече, „да си ја работат својата работа, да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците, туку да се борат против криминалот и корупцијата“.

Одговарајќи на новинарски прашања пред конференцијата на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во Скопје, премиерот порача дека судиите и обвинителите треба да стават фокус на справување со криминалот и корупцијата, нагласувајќи дека секој кој нема да ги исполни очекувањата на граѓаните, треба да си замине.

Според него, ова правило не треба да има исклучок во иднина, без разлика на функцијата во општеството.

– Јас не би го гледал тоа дека е некаков почеток или некаков крај. Мислам дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине, без разлика каква е неговата улога во општеството. Ценам дека овој судски совет, ценам дека судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат во граѓаните не успеаја и ова не треба да биде исклучок ова треба да биде правило во иднина, дека секој оној што нема да ја оправда довербата на граѓаните треба да си замине, без разлика која улога во општеството ја има. Така што, очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред сè важи за обвинителите коишто во сред акции кога треба да потпишат налог за претрес или приведување ќе повторам добиваат главоболка, повишена темпертаура, грчеви во стомак, дијареја и анксиозност, изјави премиерот.

Прашан за коментар дали смета дека државниот јаве обвинител ја „сватил пораката“ по повикот да се изврши реорганзација во Обвинителството, посочи дека „не е одлика на сегашната Влада да обвинува и суди како што било пракса на некои минати влади“, но дека ќе упатува пораки дека секој треба да си ја извршува работата.

– Јас не би сакал да го коментирам државниот јавен обвинител, биејќи често пати бев прашуван, имате комотно мнозинство зошто не постапувате како што постапувале во минатот владите кога биле избрани. Јас давав одговор дека сакаме да дадеме шанса на процесот и да видиме дали можеме правдата конечно да ја добиеме. И граѓаните со право се лути на Владата зошто не постапуваше досега, бидејќи логично е дека граѓаните мислат дека ние како влада треба да обвинуваме и судиме. Тоа не е наша политика, можеби на некои минати влади, но на оваа влада тоа не е политика, рече Мицкоски.

Тој дополни дека преку истражните органи, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, итн., итн. може да се подготви случај и да му биде дадеме на Обвинителството. Но, потенцира, тоа поднесува пријава, а подоцна доколку прифати суди.

Не е тоа државата и тоа на памет не ми паѓа ниту никогаш ќе го правам. Јас само упатив многу пораки во јавноста и ќе продолжам да упатувам кон овие две институции и обвинители и судии, да си ја работат својата работа, да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците, туку да се борат против криминалот и корупцијата. И конечно очекувам да почнат да си ја работат работата и да ја заработуваат платата којашто има ја даваат македонските граѓани, а не е мала, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска за ТИМСС тестирањето: Резултатите се лоши, но се доказ дека на образовниот систем му се потребни промени
Следна Статија Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АПЛАУЗ ЗА ВАСЕ: Наместо на одмор, овој пожарникар гасне пожари низ државата

СО КРВ И ЧЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА❗️👌🇲🇰Иако сум на одмор до 3-ти август, срцето не знае за календари и распоред, еве…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зоран Попов e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип. Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д.…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?