Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски кон граѓаните: Никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе да се засрамиме

Објавено January 23, 2025 21:25
Сподели
Сподели

Се додека ја работиме оваа работа, нема пречка што е невозможно да се помести. Ќе работиме катадневно и Ве молам верувајте во нас никогаш нема да дозволиме ниту Вас, ниту самите себе засрамиме. Ова е пораката што ја испрати вечерва до македонските граѓани премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за дневникот на МРТ.

Прашан за неговата изјава на средбата со дијаспората дека се уште трае борбата за македонското прашање, и повикот да се вклучат и тие, и од дома и од секаде во светот, затоа што тоа прашање е се уште не решено и постоечко, што пак за официјална Атина е провокација, Мицкоски одговори дека е зачуден зошто таква реакција бидејќи, рече, од каде тие се почувствувале повикани кога никој не беше споменат во таа моја изјава. Потенцира дека нема да дозволи да бидеме испровоцирани и сето тоа да претставува еден процес кој нема крај.

– Мојата цел и мојата порака е јасна. Како претседал на Влада би било неодговорно и предавнички кон македонскиот народ, кон македонските граѓани, јас да кажам дека македонското прашање е затворено во услови кога ние не сме дел од европското семејство, а патот сме го почнале многу пред можеби некои земји – членки кои се таму и тоа е прашање што стои отворено, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, потпрашање е зошто не успеавме во тој период, има објективни и субјективни причини.

Но, главната причина според мене, истакна, се билатералните прашања што не би требало да бидат критериуми и услови. Посуштинско прашање, нагласи, е дека не можеме ние да кажеме дека македонското прашање е затворено кога Судот за човекови права има донесено одлуки и пресуди за Македонците од другата страна на границата во Бугарија, кои велат дека бугарското општество не ги почитува елементарните човекови права кон македонската заедница таму.

-Ќе биде неодговорно и предавнички од мене како претседател на македонската Влада ова да го игнорирам и на поданички и полтронски начин да се повлекувам мислејќи дека на тој начин ќе ги решавам проблемите. Не, јас се додека сум жив и се занимавам со оваа работа ќе се борам овие неправди да бидат исправени во 21 век. Кога мене ќе ме нема и нема да ја вршам оваа работа, тогаш останува на генерациите по мене. Но мора да имаме институционална трага дека сме се бореле, не сме го напуштиле бојното поле и не сме биле издајници на македонскиот народ и на македонскиот идентитет, беше дециден премиерот Мицкоски.

Осврнувајќи се инвестициите од страна на македонската дијаспора, Мицкоски информира дека во периодот што следи ќе има многу добри вести кога станува збор за инвестициите кај нас дома. Тоа, нагласи, претставува наша цел и на што силно работиме за да се реализира бидејќи ние мора да газиме напред со крупни чекори, а тоа се неколку процеси што мора паралелно да ги водиме .

-Свесен сум дека за тоа можеби е потребно повеќе енергија, но сум подготвен тоа да го правам се додека гледам дека има резултати и поддршката што ја добивам од граѓаните е моја инспирација и мотив, а таа е навистина голема и ќе продолжам да работам затоа што вреди оваа борба, најави премиерот и додаде дека колку и да има сили кои предаторски гледаат кон нас и од дома и од надвор, како што рече, тоа само дополнително ќе не мотивира дека ова што го правиме е исправно и е токму тоа што го очекуваат македонските граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се одвикнуваме ли од често пиење кафе-цената со нов рекорд
Следна Статија Скопјанец истепан од родителите на неговата сопруга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР: Не очекува потопло и посушно лето

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се надева дека до 12 септември, за кога е закажана последната седница во Собранието…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски – Герапетритис: Грција ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, во рамки на работната посета на Грција, оствари средба со…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина македонската писателка Оливера Николова

На 88-годишна возраст почина Оливера Николова, македонска писателка за возрасни и за деца, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?