Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст

Објавено December 19, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил напиша дека имал чест да учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собрале истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа.

– Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европскиот контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа, напиша Мицкоски.

Разговорите и дебатите на Самитот, објави тој, биле значајни за насочување на идните политики, а уште поважно, за градење мостови на соработка со европските партнери.

Претходно, Мицкоски на фејсбук напиша дека е уверен дека ваквите средби се од голема важност за понатамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.

– Ова е уште еден чекор напред кон нашите заеднички цели за стабилност, економски раст и посилно присуство на меѓународната сцена, напиша Мицкоски. Денес учествувам на Самитот на Европската народна партија во Брисел. Разговараме за продлабочена соработка, за регионални иницијативи и за европските перспективи. Ова е прилика за лобирање за македонските интереси и иднината на државата како дел од европското семејство, објави претходно премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дваесет години затвор за мажот што со години ја дрогираше сопругата и плаќаше странци да ја силуваат
Следна Статија Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Жена предизвикала пожар додека готвела

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Суспендиран обвинителот Хајрулахи

Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата. Тој за МТВ вели дека ова е уште еден обид…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Негативни на птичји грип се резултатите на вработените во Зоо Скопје

По добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица вработени во Зоо Скопје се негативни за птичји грип. Ова попладнево го…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 вели дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?