Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

Објавено November 25, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Електричните автобуси за јавниот градски превиз ќе се набавуваат на тендер кој се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува, заинтересираните компании ќе можат да се пријават, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“ во Општина Кисела Вода.

Мицкоски истакна дека набавката на автобусите ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето и ќе го подобри имиџот на државата.

Како што рече, ќе се набават меѓу 100 и 120 автобуси, од кои најголем дел ќе завршат во Скопје, но и другите општини ширум државава кои имаат организиран јавен градски превоз, затоа што, посочи, би било нефер и нечесно сето тоа да заврши во Скопје, бидејќи другите општини имаат исто така организиран јавен градски превоз.

– Да речеме ако набавиме 120 тоа би одело во пропорција можеби 70/ 50, 80/40 станува збор за електрични автобуси, еколошки заедно до 50 места за полнење односно полначи и со сета таа арматура којашто е потребна за сите овие автобуси да се полнат, изјави премиерот.

Во однос на техничките спецификации, рече дека времетраењето на полнењето ќе биде околу два и пол часа што ќе биде доволно за 350 и 400 километри да сообраќајат на дневно ниво.

– Мислам дека кога тие ќе се појават на улиците ширум градовите и за државата мислам дека драматично и загадувањето ќе влијаат да се намали во она мера во којашто тие можат и навистина ќе значи добар имиџ за нас како држава дека ние во Македонија еве конечно имаме електрични автобуси кои сообраќаат по конкурентни цени, затоа што можеби имало во минатото, но знаете тие беа проследени со многу сомнежи за криминал и корупција, рече премиерот.

Надлежните ги утврдуваат условите, се подготвува техничката документација, се скенира пазарот, електричните автобуси ќе се набавуваат на тендер, рокот за плаќање ќе биде на осумполугодишни рати или за четири години.

– Тендер ќе биде, ги дефинираме условите, го скенираме пазарот гледаме каде има, колку заинтересирани има. И сите оние коишто ценат дека ќе треба да се пријават, нека се пријават, ќе ги дефинираме и условите на плаќање. Условите на плаќање ќе бидат такви да почнеме да ги отплаќаме некаде во првата половина од 2028 на осум полугодишни рати, што ќе е во период од четири години или период од три години грејс период, така што мислам дека ќе биде добро. Го подготвуваме, техничката документација, очекувам до крајот на годината да се распише, кажа Мицкоски.

Во однос на сегашната состојба со автобускиот превоз во Скопје и обвинувањата од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за политички опструкции, одговорајќи на новинарски прашања премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата интервенирала откако градот не успеал сам да најде решение за акутниот проблем. Преку Бирото за јавни набавки краткорочно е решен проблемот со 250.000 тони нафта кои како што посочи премиерот ќе бидат доволни за извесен период, градот ќе треба трајно да го реши проблемот.

Обид наместо да се сработи нешто, да се префрли вината на друго место. Ние како влада откако увидовме дека е сериозен проблемот и дека градот не може да изнајде решение одлучивме да ги замолиме граѓаните преку нафтените резерви да интервенираат, да позајмат на градот, односно на јавното сообраќајно претпријатие 250.000 тони и тоа го направивме уште истиот ден и веќе другиот ден се нормализираше состојбата. Од друга страна, во еден телефонски разговор со градоначалничката ја замолив, преку претпријетието да достави до бирото за јавни набавки барање, соодветно како што треба по закон, по процедура по којашто ќе бара скратена постапка по пат на преговарање. Бирото за јавни набавки откако го увиде барањето го анализира, констатира дека согласно закон итн. одговори позитивно уште во четвртокот така што веќе денеска би требало таа процедура да ја почнат бидејќи 250.000 тони ќе бидат доволни за десет дена две недели, сепак ќе треба трајно да си го решат проблемот. Е сега, прашањето е зошто е толкав долгот акумулиран, зошто била толкава висока цената итн. итн. тоа е веќе друго прашање мислам дека по налог на обвинителството ако не се лажам, финансиската полиција веќе го истражува тоа, нагласи премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата
Следна Статија Кривична за поранешниот министер Исмаили, го оштетил буџетот за над 500 илјади евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен во полициска станица

Таткото кој е осомничен за смртта на неговата сопруга и ќерка во тетовско Слатино, пренесен во полициска станица на испитување,…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Предупредување од ИЈЗ: Водата нема веднаш да биде безбедна за пиење по нејзиното пуштање

Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, без коментар за случајот со корупција во Државната лотарија, нагласувајќи дека треба да оставиме правдата…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Зголемен капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија

Премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на здравјето на денешната прес-конференција истакна дека здравјето е наша заедничка обврска, а…

April 7, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?