Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата

Објавено December 16, 2024 16:21
Сподели
Сподели

Почна процесот на силната и робусна борба против криминалот и корупцијата со елиминирање на терористичка ќелија, за која постоело основани сомневања дека имаат намера да прават акции спротивни на безбедносната состојба, како и поврзаност со ќелии во регионот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

На прес-конференција во Владата по состанокот со Советот на странски инвеститори, прашан за претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби и вмешаност на поранешниот премиер Димитар Ковачевски за направен криминал, Мицкоски се огради од коментари, оставајќи Министерството за внатрешни работи официјално да соопшти.

– Би оставил МВР да излезе со целосни информации, но верувајте многу од случаите, кои се случија во минатото ќе бидат откриени и обелоденети. Зборувам за фатални случаи, убиства. Немам информации бидејќи рано од утрово сум во континуирани состаноци и не успеав да ги исконтактирам од МВР. Од оние информации со кои рапсолагам знам дека постојат основани сомневања за злоупотреби и криминал во Лотарија на Македонија и на поедини високи владини функционери од минатите состави на Владата. Дека има истрага, но за деталите не сум запознаен, рече Мицкоски.

Им се извини на граѓаните доколку биле сведоци на непријатности во текот на полициската акција ноќеска во кои, според премиерот, постоеле основани сомневања дека се наоѓаат сторители на многу кривични дела, кои се случиле во минатото.

– Ја користам оваа прилика да им се извинам на сите граѓани, кои биле сведоци на непријатностите во текот на ноќта. Дали почекале малку повеќе од вообичаеното, дали почуствувале одредена непријатност затоа што имало униформирани лица. Но, верувајте постоеа основани сомневања кои можеа да бидат контаминирани и заради тоа моршае да се случи полициската акција, подвлече премиерот.

Во однос на реакциите на ДУИ дека се реализирала акција против Албанците, Мицкоски нагласи дека сите акции се спроведуваат во координација со нивните партнери и оти во сторените криминални дејствија жртви се албанци.

– Понекогаш се чудам на пораките на ДУИ, делуваат чудни. Една од акциите е против група за која постои основано сомнение дека е вовлечена во криминални активности од највисок степен меѓу кои и убиства. Жртви на тие убиства беа албанци. Ако треба така да се коментира нивната порака. Неможам повеќе да додадам, бидејќи сепак на крај и за овие луѓе за кои постои основано сомневање за вакви сторени кривични дела постои презумција на невиност. Има процес и процесот ќе се докажува, рече Мицкоски.

Изрази надеж дека ДУИ ќе се реформира, бидејќи, според него, оваа порака не била ниту дневна политика, ниту голо политиканство.

– Срамно е за политичлка структура, која 20 години била дел од процесите и точно знае како функционира. Навистина се чудам понекогаш на ваков тип на пораки од таму. Но се надевам дека конечно и тие ќе сфатат дека треба да се реформираат и програмски и кадровски и ваков тип на пи ар гафови нема да им се случуваат, бидејќи тоа е навистина чудно. Тоа е нивна работа мислат дека така треба и дека на тој начин ќе добијат некаков политички поен, а не од аспект на квалитет. Тоа е нивна политика мислат дека добиваат, јас не се служувам, но кој сум јас да им судам, тие си знаат, додаде премиерот.

На новинарско прашање дали располага со информации за објавување на поранешни и актуелни функционери на црната листа на САД, Мицкоски не сакаше да коментира, оставајќи го тоа на американската влада.

– За црната листа, не би можел да комнетирам. Ние сме македонска влада, тие се американска влада. САД си имаат процеси, правила, начин на селекција … Но од тоа што го слушнав е дека е полуотсечка, ќе има нови имиња и оти не е затворена црната листа или листата на санкции и периодот што следи ќе биде ажурирана врз основа на доказите со кои што располагаат, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вртеле ли членови на семејството на Палчо на бројот на Вања?
Следна Статија ЕУ да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, а не на билатерални спорови, порача Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Како што објави Жерновски, без никаква претходна најава, информацијата ја дознал…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?