Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Објавено November 4, 2024 16:26
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.

На средбата отворено се разговараше за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.

Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.

Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница, како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.

Дијалогот меѓу Владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче предлага намалување на ДДВ на храната, решение кое претходно четири пати го одбиваа
Следна Статија Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поранешниот премиер барал преквалификација на делото: Скандалозно признание на Русковска за ургенцијата на Заев за „27 април“ (ВИДЕО)

Поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во поткастот на А1он, на адвокатот Јанаки…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Труење е веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино

Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија со убедливо најниски цени на горивата

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните. За таа цел, со вистински…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?