Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија

Објавено February 4, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сето она што го ветиле на изборите во однос на евроинтеграциите многу внимателно го исполнуваат и додаде дека ќе се бори за обезбедување подобра преговарачка позиција за земјава. На процесот на дијалог што треба да се воспостави со Софија вели треба да му се даде шанса, но и оти остануваат на своите ставови во однос на деблокадата на европскиот пат на земјата.

СДСМ си измислува тези, ги пренесува тие тези и потоа мисли дека на тој начин ќе добие во јавност. Јас сум кажал дека ќе се борам, се ќе сторам за да обезбедам подобра преговарачка позиција од онаа катастрофална која што ја наследив токму од тие кои денеска критикуваат. Но, никогаш не сум кажал и не сум гледал на штоперица како секундант дека тоа ќе го сторам во рамките на првите недели или месеци. Никогаш тоа не сум го кажал. Мојот мандат кој што го добив од граѓаните е четири години, потоа следат нови избори. До граѓаните е дали се задоволни или не од мојата работа како претседател на Владата, тоа ќе го кажат на тие избори. Сето она кое што сме го ветиле ние го исполнуваме многу, многу внимателно и ќе продолжиме да го исполнуваме. Клучните ветувања – подобри плати, повисоки пензии линеарно зголемени, за земјоделците за сето што сме го ветувале ние тоа и го правиме и ќе се бориме сето она што тие го украдоа да го вратиме, а сето она кое што го распродадоа, исто така, да го повратиме. И тоа е моја обврска пред граѓаните и ќе продолжам така да се однесувам како претседател на Владата заедно со сите министри, вели Мицкоски прашан за обвинувања на СДСМ дека не го исполниле предизборното ветување за обезбедување подобра преговарачка рамка со ЕУ.

Во контекст на тоа дека веќе има стабилна политичка Влада во Софија, прашан дали ги контактирале колегите за да се започнат дијалог и што им одговориле, а доколку не кога ќе го направат тоа, тој кажа дека во моментов нема детали што би ги соопштил.

Кога ќе имаме какви било детали ќе ги споделиме со јавноста. Во моментот немам детали кои што би можел да ги споделам со јавноста кои што би значеле нешто важно, но мислам дека на процесот треба да му се даде шанса. По било која цена немаме намера да одиме со главата во ѕид, по која било цена нема да потпишуваме се што ќе ни биде ставено на маса. Нашите размислувања и политики ги знаете, ние имаме легитимитет од народот и ние мора да го слушаме народот. Политичари кои не го слушаат народот завршуваат многу лошо, рече Мицкоски на новинарско прашање.

За изјавите од бугарското МНР дека нема заедничко чествување на Гоце Делчев со македонската Влада затоа што Владава не го почитувала Договорот за добрососедство, премиерот Мицкоски одговори дека според него прв кој што не го почитува Договорот за добрососедство е токму бугарската Влада во 2019 година.

Не би рекол дека Владата не го почитува Договорот за добрососедство. Мислам дека прв кој што не го почитува Договорот за добрососедство е токму тогашната бугарска Влада во 2019 година, која наместо да не поддржува одлучи да не опструира ставајќи вето на почетокот на преговорите за нас како држава. Инаку, доколку тие сакаат да го почитуваат и чествуваат ликот и делото на македонскиот великан, идеолог и револуционер Гоце Делчев добредојдени се. Ова е слободна и демократска држава. Секој кој што сака да го почитува ликот и делото на Македонецот Гоце Длчев слободен е да дојде и тоа го направи, јас не гледам никаква пречка во тоа, вели Мицкоски.

Прашан дали ќе ја прифати поканата од македонска партија во Албанија до наши политичари да дојдат во Корча во сабота, со цел тие да ги изнесат своите проблеми во однос на како што велат насилната бугарска асимилација која се случува таму и за други инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат, премиерот Мицкоски кажа дека имаат комуникација со Македонците насекаде во светот вклучително и со Македонците во Албанија.

Разговараме, свесни сме за овој предизвик и ќе се трудиме да помогнеме, онака како што треба да помогнеме без да се мешаме во внатрешните работи на суверена држава, исто како што ние не сакаме да ни се мешаат во внатрешните работи, посочи претседателот на Владата и оти ќе информираат дополнително за тоа дали ќе ја прифатат поканата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јелена Розга ќе се мажи за 11 години помладиот Иван, син на Тончи Хулиќ
Следна Статија (ВИДЕО) Се појави страшна снимка од пукотницата со калашников во училиште во Шведска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Празијада во селото Градошорци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на Празијадата во селото Градошорци, Општина Василево. Ова е настан кој веќе традиционално го собира…

November 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последниот ручек на Халкидики

Со години слушаме дека Заев и Филипче ќе бидат „пример“ за правда. И навистина се пример – како се живее…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова имала пријатен разговор со Жељазков во Хаг, но е изненадена од амандманите на бугарските европратеници на извештајот на Вајц

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?