Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Следната година очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Следната година очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Следната година очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст

Објавено October 30, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село во Општина Ѓорче Петров, по што одговарајќи на новинарско прашање, колкав раст предвидува Предлог-Буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница информираше дека, очекува 3,7 проценти да биде просечниот раст, следната година.

„Да, на владината седница помина Буџетот би требало деновиве да се најде и пред пратениците. Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година. Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти. Очекувам во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде сѐ како што го проектираме и со инвестициите на компаниите и инвестициите на државата да дојдеме и до четворка. И не би се изненадил, ако следната година биде 3,7 повеќе, бидејќи такви се оние индикатори со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи коишто треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики коишто сѐ уште не се отпочнати. Јас очекувам во период којшто следи да отпочнат. Така што оваа година сме т.е. проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако тоа биде и повеќе“ изјави премиерот.

Премиерот додаде и дека капиталните инвестиции се на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми.

Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и нови коишто ќе следат. Буџетскиот дефицит е околу 41-42 милијарди, така што очекувам имајќи ги предвид сите теренски активности коишто се забрзани и очекувам конечно силен комитмен од Бугарија за Коридорот 8 пругата да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите. Така што не би се изненадил ако отидеме и ја видиме четворката следната година“, истакна премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга, најави Весиќ
Следна Статија Возач на „65-ка“ претепал малолетник од Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Зголемени плати, реален раст, Македонија се буди

Премиерот Мицкоски на Фејсбук го искоментира зголемувањето на платите во јавното здравство како и зголемувањето на просечната плата. Коментарот на…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп се определува за нов претседавач на Федералните резерви

Во интервју со Вол Стрит Журнал, Трамп истакна дека идниот раководител на Федералните резерви треба да се консултира со него…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар –…

June 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Историски високи приходи во Буџетот за јули

Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?