Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со измените на Законот за градежно земјиште отстранета е пречката за градење на јавни објекти како градинки и училишта кои се ослободуваат од плаќање на комуналии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Со измените на Законот за градежно земјиште отстранета е пречката за градење на јавни објекти како градинки и училишта кои се ослободуваат од плаќање на комуналии
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со измените на Законот за градежно земјиште отстранета е пречката за градење на јавни објекти како градинки и училишта кои се ослободуваат од плаќање на комуналии

Објавено November 15, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе биде новиот повик за општините, изјави:

„Па би требало од февруари, можеби март, зависи од подготовката на општините. Знаете донесовме Закон во Парламентот, измени на Законот за градежно земјиште каде што сите оние објекти, јавни објекти, како што се градинки, училишта и слично, а кој што се сопственост на државата, ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии.

Имаше случаи во Скопје да Градот Скопје, знаете таму состојбата каква е, го издолжува периодот, не ги ослободува општините во Скопје од комуналии, па тие не можеле да отпочнат со градба на градинки, училишта и така натаму. И сега со овој Закон и таа пречка е отстранета и веќе очекувам онаму каде што е потребно да се градат градинки, училишта.

Знаете наша владина определба е едносменското учење во основните училишта. Тоа ќе значи целодневна, едносменско учење. Тоа ќе значи сигурност за самите родители и поголемо дружење за децата. Поголемо, би рекол другарување, разменување знаења, пријателства стекнување и така натаму. А со тоа значи дека ќе мора да има некакви градежни интервенции во некои училишта, каде што има двосменско работење.

Во некои од општините велам, не во сите. И сега ако ние сеуште бевме заложници на однесувањето на Градот Скопје и на поединци таму, тогаш ќе требаше оваа политика која што е додадена вредност за родителите и за децата, да почека, но еве и тоа се надмина и мислам дека добро идат работите.“

Тој нагласи дека нема простор да се поднесуваат нови проекти, бидејќи денеска рокот за аплицирање завршува, а општините што аплицирале требало да ги дополнат документите кои недостасуваат:

„Не, не може нови проекти, тие што беа, што недостасуваа документи, само требаше да ги дополнат. Новите во февруари или март.“

Во однос на тоа дали општините ги дополниле документите, премиерот одговори дека Министерството за локална самоуправа ќе достави информации:

А не знам, не знам треба да видиме. Ќе ни дадат информации од Министерството за локална.“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Претходното раководство на Македонски пошти планирало да ја издаде централната зграда за ресторан со кабаре!
Следна Статија Кумановец земал брз кредит за биткоин, ама го „олесниле“ за 200.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Производите од новогодишната кошница поевтиниле за 10 проценти, регистрирани ситни забелешки, уверуваат Дурмиши и Стојкоски

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Мораме да привлечеме инвестиции со напредна технологија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа година да финишираат преговорите со голем дел од странските инвеститори со кои се преговара и…

January 7, 2025

Владата го намалува финансиското оптоварување на Southwest Airlines

Министерството за транспорт ја одложува парична казна од 11 милиони долари, нудејќи поддршка за авиокомпанијата

December 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви 4,72 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на септември 2025 година изнесувале 4.722,7 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?