Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд

Објавено October 7, 2024 22:36
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, рече дека средствата за покачување на пензиите се обезбедени, потенцирајќи дека нема никакви пореметувања на стабилноста во однос на Пензискиот фонд.

„Средствата се обезбедени и за оваа со ребалансот, и следната година со Буџетот кој е во фаза на подготовка. Очекувам на владина седница на 16 октомври да биде Буџетот во прва верзија на дневен ред, и очекувам дека после тоа во рамките на Парламентот, преку една дебата ќе се затвори таа рамка, а потоа истиот ќе се врати за конечно да добие конечна форма и да оди на јавна седница и да се усвојува.“, рече Мицкоски.

„Како ќе биде понатамошното нивелирање на пензиите од септември следната година, па 2026, 2027 година се зависи од тоа какви ќе бидат приходите и како ќе функционира македонската економија. Затоа и многу внимателно кажуваме и многу внимателно ветуваме. Не сакаме да кажеме нешто кое што понатаму нема да го исполните. Тоа што бевме уверени дека ќе го исполниме и ќе го испорачаме, тоа и го направивме.“, вели тој.

Средствата се обезбедени, нема да има никакви дисторзии, ниту пак било какви пореметувања на тој план, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е ракетата „Јехрион 3“ со која Израел планира да гаѓа во Иран
Следна Статија Oва е Србинот што го уби дизајнерот на Ролс Ројс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст на индустриското производство од 2,8 отсто во октомври

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема зголемување на пензиите за македонските пензионери кои живеат во странство

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните…

February 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 1970-тите години, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист,…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

„Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?