Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат
ПОЛИТИКА

Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат

Објавено October 17, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се политизира Агенцијата за национална безбедност. Не гледа проблем во назначувањето на Бојан Христовски за нов директор.

Им порача на новинарите: „тие што ве брифираат, треба правилно да ве брифираат“.

-Јас ќе ви помогнам. Кога се трансформираше УБК во АНБ и се правеше селекција, имаше поранешни високи структури во АР, УБК и АНБ кои што ги профилираа луѓето и врз основа на тоа гледаа како да им наштетат преку лажни вести, клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во кои што работат. Нормално откако таа неправда му беше нанасена на Христовски и не му беше даден безбедносниот сертификат, беше констатирана злоупотребата на дел од раководството на АР, за што јавноста многу набрзо ќе биде запознаена. Таа грешка се исправи, Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината, кажа Мицкоски при посетата на општина Брвеница.

Претходно СДСМ обвини дека со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“.

Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ, кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Според Талески, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

„Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата
Следна Статија Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

Денес, иако се обидовме, не успеавме да добиеме ниту потврда, ниту негација на веста за можната кандидатура на тандемот Емилијан…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

Изет Меџити се пофали дека ќе вработи илјадници Албанци во јавната администрација

Заменик-претседател на Владата на Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во…

February 21, 2025
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Курти контра ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?