Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот
ПОЛИТИКА

Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот

Објавено January 28, 2025 16:06
Сподели
Сподели

вечената академија не е место за испраќање такви политички пораки, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан како го оценува синоќешниот говор на Милорад Додик, претседател на Република Српска, на настан во Скопје по повод празникот на српската заедница во државава – Свети Сава.

За говорот со анти-ЕУ и анти-НАТО пораки, во кој Додик го негираше и геноцидот во Сребреница, претседателот на Владата рече оти не очекувал „дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање такви пораки“.

-Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти ЕУ, анти НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се сложувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање такви пораки бидејќи тоа, сепак, беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип политички пораки, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

„Да живее Македонија, да живее Србија, да живее Република Српска и да живее братска Русија.“, порача Милорад Додиќ, лидерот на босанските Срби во театарот во Скопје, по повод чествувањето на српскиот национален празник „Свети Сава“. Додик го фалеше рускиот претседател Путин.

„Путин и раководството направија сѐ за да ги одбранат руските национални и државни интереси во вистински момент.“, вели Милорад Додик.

Потоа, го негираше геноцидот во Сребреница и испрати анти-НАТО и анти-ЕУ пораки.

„Што остана од Европа? Некакви вредности? Кои вредности? Каде се?“, вели Милорад Додик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сашко Коцев повредил полицаец и потоа побегнал со возилото – Актерот тврди дека ништо сериозно не се случило
Следна Статија Мојсоски и Каевски на суд за злоупотреба на спортските ваучери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи порача дека тужбата за клевета, како што наведува, „нема да…

February 25, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна…

July 9, 2025
ПОЛИТИКА

Славески до приватните превозници: Не наседнувајте на манипулациите на Арсовска

Градоначалникот Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз.…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?