Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија
ПОЛИТИКА

Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија

Објавено October 12, 2024 15:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти а не сме, и да кажуваме како требало – подвлече Мицкоски.

Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе.

Прашан за изјавата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во која тој бара двојазични банкноти, Мицкоски посочи дека оваа изјава не е барање, туку е коментар на политиката на ДУИ кога е во опозиција.

Изјавата на Касами не е во насока на тоа дека треба да имаме двојазични банкноти, туку изјавата е во насока на тоа да потенцира дека кога ДУИ вели дека има целосна имплементација на двојазичноста, во суштина не ја говори вистината, односно е измамник и ги мами луѓето. Тоа сакаше да каже. Повеќе е метафорично. Не е тоа барање, туку коментар на политиката на ДУИ во опозиција, затоа што кога ДУИ е на власт, има поинаква политика. Тогаш се важни тендерите, автомобили. . Кога сме во опозиција, е тогаш е сосема поинаква состојбата – одговори Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра
Следна Статија Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно

Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Верувале или не? Касами го истакна македонското знаме

Градоначалникот на Тетово Билал Касами вчера имаше средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Забележително беше што на средбата го…

March 2, 2025
ПОЛИТИКА

Села: Без Бадентер во Уставен, не влегуваме во Владата

Зијадин Села, пратеник и лидер на едното крило на разделената Алијанса за Албанците, реагираше на последните изјави од челниците на…

May 4, 2026
ПОЛИТИКА

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?