Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МНР најавува реформи: Повеќе професионални дипломати на чело на амбасадите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МНР најавува реформи: Повеќе професионални дипломати на чело на амбасадите
МАКЕДОНИЈА

МНР најавува реформи: Повеќе професионални дипломати на чело на амбасадите

Објавено December 14, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска најави значителни измени на Законот за надворешни работи, со кои ќе се зголеми процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати во Министерството.

„Предлагаме зголемување на процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати од една третина на најмалку една половина,“ истакна Муцунски.

Со измените, како што објасни министерот, се враќа четиригодишниот мандат на амбасадорите наместо досегашните три години. Оваа промена е поттикната од честата ротација, која предизвикувала потешкотии во адаптацијата во земјите на приемот и дополнителни трошоци за Министерството и државниот буџет.

„Четиригодишниот мандат овозможува поголема стабилност и ефикасност,“ додаде тој.

Одредбата за именување амбасадори надвор од Министерството, кои со своето општествено и културно делување оставиле трага, исто така, претрпува измени.

„Се предвидува од оваа група да доаѓаат најмногу половина од амбасадорите,“ објасни Муцунски.

Законот исто така го допрецизира учеството на Собранието во процесот на именување амбасадори.

„Со оваа измена, ќе се спречи можноста претседателот на државата да потпише указ без соодветна процедура во Собранието,“ изјави министерот, посочувајќи на претходните примери на непочитување на законските процедури.

Предложените измени предвидуваат корекција на коефициентите за плати и животни трошоци на дипломатите во странство.

„Со години платите и предвидените кирии за дипломатите стагнираат, што предизвикува потешкотии,“ нагласи Муцунски.

Муцунски истакна дека измените вклучуваат и усогласување на Законот со новите надлежности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на трговијата и инвестициите.

„Овие измени обезбедуваат правна основа за Министерството да ги преземе обврските за креирање политики во делот на трговијата и инвестициите,“ рече министерот.

Заклучувајќи, Муцунски нагласи дека измените ја зајакнуваат професионализацијата на дипломатската служба и отвораат пат за поефикасно делување на државата на меѓународната сцена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонскиот јазик исчезна и во НАТО-биографијата на Радмила Шеќеринска
Следна Статија Крукс е најбрзиот пливач на сите времиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, во сабота на 23 август почнува јавниот увид во Избирачкиот список…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници

Темелната истрага со обезбедени доказни материјали од инспекторатите, министерставата и општината, дава надеж дека јавноста за кратко ќе ја дознае…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?