Мурињо има здравствени проблеми, мора да оди на операција

- Advertisement -

Тренерот Фенербахче, Жозе Мурињо денеска ќе го напушти Истанбул за да ги реши здравствените проблеми со кои се соочувал одредено време.

Информацијата ја пласираше новинарот Јагиз Сабунчоглу, тој не наведува за каков здравствен проблем станува збор, но потенцира дека со овој проблем Мурињо се соочувал подолг временски период.

„Мурињо го напушта Истанбул, ќе оди на операција надвор од земјата поради неговите здравствени проблеми“, објави Сабунчоглу.

Сподели ја оваа статија