Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина
МАКЕДОНИЈА

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

Објавено January 18, 2025 15:40
Сподели
Сподели

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Киев оствари средба со заменик претседателката на Владата на Украина, задолжена за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина. Во фокусот на средбата беше потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Македонија и Украина за прашања поврзани со интеграцијата во Европската Унија, за што назначени како потписници во името на Владите на двете земји се нивните главни преговарачи со ЕУ, Муртезани и Стефанишина.

На средбата беше потенцирана важноста на европската интеграција како стратешки приоритет за двете земји. Министерот Муртезани потенцираше дека процесот на проширување мора да остане кредибилен и базиран на заслуги, за да обезбеди стабилност и напредок.

„ Македонија ја поддржува Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија, а оваа посета го потврдува нашиот заеднички стремеж кон европските вредности. Процесот на пристапување кон Европската Унија не треба да биде исклучив, туку инклузивен и базиран на заслуги, овозможувајќи и на Украина и на земјите од Западен Балкан правична шанса за напредок. Единството и солидарноста меѓу нашите народи се клучни за градење силна и обединета Европа,“ – истакна МЕП Муртезани.

Соговорниците констатираа дека Меморандумот за разбирање е значаен чекор во градењето на поблиска соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаење и искуства кои ќе придонесат за поуспешно остварување на заедничките цели за членство во Европската Унија. Министерот Муртезани изрази подготвеност Македонија да го сподели своето искуство од пристапниот процес со Украина, нагласувајќи дека размената на добри практики ќе биде од исклучително значење. Меморандумот опфаќа размена на искуства и знаења во различни области, вклучувајќи законодавство, судски реформи, борба против корупција и организиран криминал, како и промоција на европските вредности. Страните се обврзуваат да соработуваат во унапредување на институционалните капацитети, како и да разменуваат експертиза за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Меморандумот исто така предвидува организирање на заеднички настани, обуки и иницијативи за поддршка на европската интеграција на Украина и Македонија.

Заменик-претседателката на Владата на Украина, Стефанишина, изрази благодарност за континуираната поддршка од Македонија, посочувајќи дека заемната соработка е од суштинска важност за европската перспектива на двете земји. Таа истакна дека Украина гледа на Македонија како партнер и пријател во евроинтегративниот процес.

На средбата се разгледаа и можностите за продлабочување на регионалната соработка преку заеднички проекти и иницијативи, особено во области каде преку тесна соработка би можеле да се зајакнат напорите на двете земји за пристапување во Унијата. Муртезани и Стефанишина се согласија дека унисониот пристап во решавањето на заедничките предизвици и искористувањето на можностите што ги нуди процесот на интеграција во ЕУ, се од круцијална вредност како за Украина, така и за Македонија. Тие ја подвлекоа заемната посветеност за координирано делување во унапредувањето на стабилноста, растот и европските вредности во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Следна Статија Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Онлајн аплицирање за средно училиште – поради преоптоварување веб-страницата е често блокирана

Првиот уписен рок во средните училишта се одвива со потешкотии. Полуматурантите, кои сакаат онлајн да аплицираат за средно образование, велат…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција за Израел во пристаништето Пиреја,…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ,…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?