Надал кажа кој му бил најтежок противник во кариерата

- Advertisement -

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал се појави во јавноста три месеци по пензионирањето и зборуваше за ривалството кое го имаше со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер!

Надал доби прашање за тоа кој му бил најтешкиот противник во кариерата.

Многу е тешко да се избере меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер – рече Рафа и продолжи:

– Мојата кариера е поврзана со двајцата, ние бевме тие кои се туркаме еден со друг за да бидеме подобри. Точно е дека зедовме нешто еден од друг, но би било фер да се каже дека ниту еден од нас, без другите двајца, нема да ги постигне бројките што ги постигнавме.

Сподели ја оваа статија