Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
ЕКОНОМИЈА

НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА

Објавено November 18, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија .

Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење.

Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива. Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда. Точно е дека на оваа тема се разговара во регионот, но во моментов нема консензус ниту заеднички став, бидејќи членките држави на CEFTA имаат во примена сосема различни модели на функционирање на системот на зелена карта.

Од Националното Биро истакнуваат дека тoa e комплексно прашање кое што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира тоа мора да биде генерално. А измените околу зелениот картон зависат од:

· Внатрешните одредби и Интерните регулативи (IR) на Советот на Бироа – Брисел

· Законот за Задолжително осигурување во сообраќајот

· Склучените билатерални договори помеѓу Националните Бироа во регионот и пошироко

· Имплементираниот Тарифен систем и Правилниците на НБО ( Национално Биро за осигурување) за обработка и плаќање на штети по ЗК според Внатрешните одреби на Советот на Бироа- Брисел

Точно е дека во CEFTA Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу ЗК, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на Зелениот Картон (ЗК) како документ за влез со моторни возила во државите од CEFTA.

Непрактичноста на идејата за укинување на ЗК само за државите од CEFTA е дотолку повеќе што граѓаните пак ќе користат ЗК за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на Бироа-Брисел.

Во овој момент не треба да се создава забуна кај сопствениците на моторни возила и да се шпекулира. Зелениот картон е во функција и тој е потребен.

Останува во иднина отворено прашањето за комплексноста на ЗК, неговото укинување со вклучување на премијата од ЗК, врз основа на актуарски пресметки во премијата на полисата за АО, со што се создаваат можности за вклучување на ЗК во таканаречената Мултилатерална спогодба поддржана од Советот на Бироа – Брисел и немањето на потреба од користење на Зелен Картон во сите европски држави па и во државите од CEFTA процесот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски- Курти: Време е за решавање на економските прашања
Следна Статија Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората…

January 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Собранието на Република Македонија денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските…

June 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Енергетиката не се планира од денес за утре, една година е како една недела, порача министерката Божиновска синоќа на Топ…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски

Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?