Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не прави ништо и заработува 80.000 долари годишно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Не прави ништо и заработува 80.000 долари годишно
Blog

Не прави ништо и заработува 80.000 долари годишно

Објавено January 7, 2025 19:40
Сподели
Сподели

Шоџи Моримото беше отпуштен од работа во 2018 година, а неговиот претпоставен го критикувал дека нема иницијатива и „не прави ништо“ за компанијата. Сепак, судбината му се насмевнала и Моримото (41) оттогаш разви профитабилна кариера токму со тоа што „не прави ништо“.

Познат како „ човек за изнајмување кој не прави ништо“ во Јапонија, Моримото се изнајмува на странци на кои им е потребно нечие присуство за речиси сè. Неговите задачи варираат од чекање маратонец на целта до одговарање на видео повик додека клиентот ја преуредува и чисти просторијата.

Еднаш клиентка наместо неа го ангажирала да оди на концерт со пријателка, бидејќи таа не можела да присуствува, пренесува Блиц.

Од апсурд до обично, Моримото едноставно се појавува и „не прави ништо“ освен она што го бара

  • Имав објективно тешки задачи, како што се стоење во ред на сонце, чекање со часови на студ, одење на забави со непознати луѓе, па дури и стоење сам на сцената пред многубројна публика без никаква активност – изјави Моримото, за CNBC.
  • Сепак, без разлика на сите непријатности, мислам дека тоа се посебни искуства кои ми се случија токму поради оваа работа, па ги ценам – додаде тој.

Не е терапевт
Неговата најдолга задача траеше 17 часа – тој го помина целиот ден возејќи ја истата железничка линија, правејќи 13 круга на линијата Јаманоте во Токио.

Понекогаш луѓето го ангажираат да ги слуша во тешки времиња, но Моримото се труди да не се однесува како терапевт. Тој одговара кратко и внимателно слуша, но избегнува длабински дискусии или совети.

Моримото добива околу 1.000 барања годишно, а на клиентите им оставил да одлучат колку ќе му платат. Тој претходно наплатуваше помеѓу 10.000 и 30.000 јени (65 до 195 долари) за двочасовна сесија и заработи околу 80.000 долари минатата година.

Од крајот на минатата година го воведе моделот „плаќај што сакаш“.

  • Наплаќам доброволна такса, па не сум сигурен дали ќе биде одржлив, но уживам да се обидувам да видам како функционира – рече Моримото, нагласувајќи дека неговата цел не е да заработи за живот, туку едноставно да ужива во секојдневниот живот.

Интересен општествен феномен
CNBC помина два часа со Моримото во кафуле во Токио.

– Иако првично планирав да одам сам, почувствував олеснување што го имам друштвото на Моримото во простор полн со парови и групи луѓе – напиша новинарот.

Јапонците, познати по тоа што се резервирани и избегнуваат конфронтација, често избираат такви услуги. „Луѓето можеби не се доволно храбри да кажат „Дали ќе бидеш мој пријател?

Моримото дури еднаш бил присутен во кафуле кога една жена му ги предавала документите за развод на својот сопруг – незабележливо, но смирувачко.

– Има многу омилени моменти во оваа работа – заклучува Моримото.

  • Од моментот кога ќе го добијам барањето до средба со клиентите, сето тоа ме прави среќен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Данскиот крал го смени грбот на земјата среде кавгата со Трамп за Гренланд
Следна Статија Раст на инфлацијата во Германија: На највисоко ниво во последните 11 месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

ТЕЧЕ РОКОТ ЗА АМЕРИКАНСКИ КУПУВАЧ НА ТИК-ТОК Кои имиња се во игра?

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи одлуката на судот за забрана на Тик-Ток во САД за 75 дена, повторно…

January 29, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Скорпија – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е ден за создавање можности за духовен развој, скорпији. Вашиот страстен, таинствен, интензивен, одлучен…

February 17, 2025
Blog

Маск ќе го сврти вниманието на „Тесла“, бидејќи профитот на компанијата се намалува

Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави синоќа дека планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако…

April 23, 2025
Blog

Тесла продолжува да паѓа во Европа: Продажбата опадна за 44 отсто во првите два месеци

Американскиот производител на електрични автомобили минува низ оваа ситуација поради политичките изјави на својот шеф Илон Маск. Неодамнешните изјави на…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?