Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Објавено December 11, 2024 11:16
Сподели
Сподели

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата дејствува, а новиот буџет има развојна компонента и индикаторите ќе бидат уште подобри. Ова го изјави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТ1 на тема „Буџет 2025“ на тема пензии и ПИОМ.

  • Суштината е дека ние преку овој двостолбен задолжителен пензиски систем оваа дупка во државниот пензиски столб ќе се проширува уште некое време, отприлика до 2030 година и потоа кога ќе почне подинамична исплата од вториот пензиски столб, тогаш ќе биде поинаку. Ние како Влада имаме и втора опција како што направија Полска, Унгарија, Балтичките земји да го национализираме и се да биде државно. Еден закон се носи, се национализира вториот столб и дупката ќе ја нема, но дали е вистинска мерка има различни мислења. Има мислења дека треба, други викаат не треба, и во состојба во која сме така можеме да кажеме дека дупката ќе се продлабочува, населението старее, придонесите се тие коишто се, пензиите се тие коишто се, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека во врска со темата друго е реформата како ќе се однесува Владата кон социјалните трансфери, дали ќе направи реформа во делот на примателите конкретно на социјална помош кои добиваат по неколку закони, дали ќе има еден катализиран регистар да се знае кои се тие кои се живи приматели, затоа што има приматели кои не се живи или се отселени одамна.

  • Мора да се направи таа реформа. Има градови каде бројот на приматели на разна социјална помош и слично или се плаќаат придонеси за неосигурани лица е поголем од бројот на жители. Имаме такви наследени парадокси, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека сепак треба да се знае дека оваа Влада не ги остава работите како што биле, туку ги знае проблемите и веќе ги решава.

  • Нема да очајуваме, ќе работиме, детектиравме, јасно знаеме кои се проблемите, има повикани вработени во центрите за социјални работи кои се повикани на одговорност. Така што мора ова да се катализира, нема да ја оставиме работата каква што била до сега. Дејствуваме и мислам дека скоро од денеска ќе се почувствува, индикаторите се подобри и ќе бидат уште подобри, нагласи премиерот Мицкоски.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија
Следна Статија Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да…

October 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Воведувањето на дополнителен час евтина тарифа ќе се одложи за наредната година

До крајот на годината нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електричната енергија за домаќинствата, ова го…

October 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Скоро 16.000 работници од Македонија годинава заминале да работат во Хрватска

Работната миграција од Македонија останува стабилна – секоја година меѓу 15 и 25 илјади луѓе од земјава одат на сезонска…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?