Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија, вели премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија, вели премиерот Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија, вели премиерот Мицкоски

Објавено January 2, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во пензија, ниту да ги зголемуваат давачките, што беше предлог на Фискалниот совет, но и дел од препораките на Светска банка. Фокусот е на политики за намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија со цел да се соберат повеќе пари во буџетот.

Апсолутно останувам на ставот, тука не треба никој да има никаква дилема. Тоа треба сите да бидат сигурни дека ние политиките не ги менуваме инстант. Имаме аргументи, се разбира, не сме инаетливи па да речеме не може така кажавме, туку имаме аргументи. Најлесно е да се направи ова кое што е препорака на Фискалниот совет и дел од експертите на Светска банка дека треба да се зголеми данокот на додадена вредност, придонесите за здравствено и пензиско, да се зголеми старосната граница и слично. Ние сме фокусирани на политики коишто ќе значат намалување на сивата економија, намалување на даночната евазија, повеќе пари да собереме во буџетот, истовремено раст на економијата и повеќе пари да собереме на тој начин во буџетот како би можеле сето ова да го сервисираме за што во моментот морам да кажам дека сме апсолутно ликвидни – вели Мицкоски.

Нагласи дека по долго време имало и суфицит во буџетот во октомври, околу 17 милиони евра.

Најлесно е да удриме на грбот на граѓаните. Тоа нема никогаш да го направиме ако не ги исцрпиме сите можности коишто ги црпиме затоа што оваа Влада е избрана со огромна доверба од страна на граѓаните и таа доверба не смее да ја изгуби со тоа што ќе води дволични лицемерни политики, туку стабилни политики, политики коишто се предвидливи и политики на долг рок. Апсолутно можам да ги уверам граѓаните дека и сега сегашниот закон овозможува за одредени професии да имаат пролонгирано заминување во пензија. Немаме намера да ги зголемуваме старосните граници, немаме намера да ги зголемуваме процентите со коишто ќе се зафаќа за придонесите здравствени и пензиски, немаме намера да го зголемуваме данокот на додадена вредност, немаме намера да интервенираме во успешната приказна наречена рамна даночна политика – нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Воената опрема донирана од Турција даде голема поддршка на нашата одбрана
Следна Статија СОЗР: Воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

150 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија во вредност од 26 милиони евра

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската Авеста…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во земјава активни околу 80.000 фирми, бизнисот масовно се префрла на електронско работење

Во Македонија моментално се активни околу 80.000 компании, а забележлив е трендот на намалување на употребата на хартија во деловното…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почнува зимскиот ред на летање, 10 нови дестинации

Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?