Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Објавено January 14, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше блокиран од претходната Влада. Ние за еден месец успеавме да ги решиме проблемите и да го изградиме овој прекрасен пат, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во своето обраќање. Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерoт:

“Навистина е задоволство во рок од само десетина дена второ големо отворање. Денеска го отвораме експресниот пат кој што треба да не поврзува од Градско до Дреново дел од експресниот пат Градско – Дреново – Фариш. Еден преубав експресен пат кој што ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп, Битола, на Могила, Новаци, Кривогаштани, на Крушево, секако и Росоман и поврзување со главниот град, но исто така ќе знаќи и поврзување со соседна Грција и поврзување на Коридор 10.

Ова е Коридор 10 д кој што треба да значи целосно автопатско или експресно поврзување со вториот голем граничен премин, тоа е граничниот премин Меџитлија и навистина честитки за сите кои што учествуваа во изградбата.

Честитики, ги гледам работниците кои посветено работеа и се посветија на изградбата на овој експресен пат, честитики и до Надзорот, до техничката подршка и на сите кои помогнаа ова да биде решено.

Кога отвораме вакви проекти и кога имаме завршени проекти навистина е добро да се кажат убавите работи и тука сакам да се заблагодарам на Премиерот за целосната посветеност. Без него ова не можеше да биде возможно. Буквално на дневна основа ја следеше работата на овој експресен пат.

Претседателе, благодарам за посветеноста и за подршката.

А исто така сакам да се заблагодарам и на ЕУ бидејќи тука има значајна грант компонента, но многу поважно од тоа е посветеноста за развој на овој дел од државата и заради посветеноста да се помогне оти државата не е само главниот град, туку треба рамномерно да се развива и секако тука е поврзувањето со соседите.

Обично не сакам да зборувам за проблеми и ќе кажам дека ќе завршуваме проекти затоа што сме избрани да работиме, а не да се жалиме. Но пред мене е првиот документ кој го добив кога станав министер за транспорт. Првата голема главоболка со која што се соочив и се соочи Владата е извештајот за тоа во каква состојба беше овој експресен пат.

Ќе ви кажам директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, сега гледате како прекрасно изгледаат двете страни на патот и недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се исплатат и да се доврши реализацијата на овој експресен пат.

Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендуми, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува.

Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.

Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти.

За брзо време ќе го отвориме и вториот дел, кој што оди од Дреново до Фариш, таму има два преубави тунели кои што ќез начат нова содржина, ако сакате и во туристичкиот дел во овој регон, а понатаму ќе работиме и на изградба на трета лента на Плетвар каде што сега нема, некаде е кај Беловодица до Прилеп како би можело од Скопје до Прилеп да се патува за час – час и десетина минути. Исто така веќе работиме на и изградба на автопат од Скопје до Битола како би можело од Скопје до Битола да се патува за час и половина.

Честитки за сите, претседателе благодарам уште еднаш за подршката, за убаво да е и за многу години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари
Следна Статија Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Државата ќе исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков за застарениот предмет „Таргет“

И покрај тоа што предметот „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување во поранешната УБК е застарен веќе речиси две години,…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вечерва можна појава на интензивен дожд, предупредување за внимателно движење по малите сливови и суводолиците

Од УХМР објавија соопштение во кое известуваат дека во попладневните часови има можност за локална појава на краткотрајни интензивни врнежи…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе…

June 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?