Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа
ЕКОНОМИЈА

Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа

Објавено October 22, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.

Тој истакна дека линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10 како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите.

“Имаме обврска како Влади да обезедиме брз и сигурен транспорт. Јас си поставив една цел а тоа е да изградам брза пруга и тоа токму во делот на Коридор 10, значи од границата со Србија па се до границата овде во Грција. Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридор 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојаната пруга за да може и таа да ја биде во функција за да се користи за домашен и меѓународен транспорт. Дополнително работиме на изградба и на железница на Коридор 8 кон Бугарија. Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата”- истакна министерот Николоски.

Пред бројните компании тој ги претстави инвестициските услови потенцирајќи дека следи период кога економските индекси значително ќе бидат подобрени.

“ За следната година очекуваме да имаме најголем раст на БДП-то во регионот. Започнавме да работиме на заедничко поврзување со Грција преку интерконекторот каде ќе се поврземе на гасот од Азербејџан. Очекуваме во следниот период овој гасовод да биде изграден и да ја намалиме зависноста од рускиот гас што значително ќе влијае врз производството. Во овој период имаме силен развој и во сегментот на снабдување со енергија од фотонапонски централи. Работиме на професионализација на администрацијата, на поедноставување на процедурите Нашите планови се сериозни и верувам дека ќе ги реализираме. Ме прашавте за домашните компании. Најголем дел од извозно ориентираните зависат од солунското пристаниште и затоа имаме обврска кон нив да обезбедиме модерни врски, евтини врски за да ја олесниме нивната работа. Тоа и го работиме”- потенцираше министерто Николоски. 

Во текот на денот министерот Николоски ќе оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Стакурас, како и со министерот за поморски работи и островска политка, Христос Стилинидис.

Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, претставува собир на највлијателните  компании и организации за транспорт од Грција, стопански комори, логистички центри и различни финансиски институции.    

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија
Следна Статија Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена

Цените во маркетите рушат рекорди. Телевизија 21 беше во обиколка на неколку поголеми ланци на маркети. Регистриравме повисоки цени минимум…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

РКЕ најавува мерки за заштита на потрошувачите

Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа

На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги…

December 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски во рамки на посетата на Турција, како дел од владина делегација, по средбата во март…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?