Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
ЗДРАВЈЕ

Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар

Објавено January 30, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона е зголемен за 2,4 проценти, а во споредба со бројот за четвртата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 10,2 отсто. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возрасната дистрибуција, 1 066 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 349, на возраст од пет до 14 години. Додека, 325 од новозаболените се деца на возраст до четири години. Регистрирани се 138 лица на возраст над 65 години

Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, од Скопје – 581, Кавадарци – 219, Куманово – 167, Струмица – 162, Штип – 106, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.

Во шест извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска, во осум – средна, во Крушево, Свети Николе, Кратово – висока, а Кавадарци, Дебар – многу висока активност на вирусот на грип.

– Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 отсто три недели со ред. Согласно овие податоци, Република Македонија има среден интензитет на вирусот на грип, заклучуваат од ИЈЗ.

За заштита од грип, од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

– Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство. Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат. Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи. Да се пијат топли напитоци – чаеви и супи, овошни цедени сокови, вода со лимон. Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук што му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц – цитрони, лимони, портокали. Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински напитоци и препарати, советуваат од Институтот.

Се препорачува и практикување здрав начин на живот и навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржување физичка и психичка активност, намалување на стресот.

– Силниот имунитет ќе помогне да се остане здрав или полесно да се справи човек со грипот и заболувањата слични на грип. Сепак, дури и да сте совршено здрави и да имате силен имунитет, може да заболите од грип или заболување слично на грип, наведуваат од ИЈЗ.

Во таков случај, советуваат да се остане дома – да не се оди на работа, в училиште или на места каде има многу луѓе.

– Одморајте се и земајте многу течности и лесна храна. Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни. Покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во корпа за отпадоци. Носете заштитна маска кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате. Практикувајте често и темелно миење раце со топла вода и сапун. Користете влажни марамчиња што содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете. Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце. Често проветрувајте ја просторијата каде престојувате додека сте болни. Одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот. Ако сте над 65 години или имате хронични заболувања, или доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови – побарајте лекарска помош, советуваат од ИЈЗ.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, потсетуваат од Институтот. Се препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО.

Заклучно со четвртаа недела, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 72.357 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници
Следна Статија Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Анемија – тивок убиец на вашиот организам

Анемијата претставува една од најчестите здравствени состојби што може да се појави на која било возраст. Таа не е болест…

June 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу се сретна со Кедев: Сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за урологија во Скопје почна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега…

May 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести

Познатиот доктор епидемиологот и професор Драган Даниловски нотира дека и ова лето комарците се во офанзива и потсетува дека станува збор за…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?