Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новинар, ВИП возила, владин АВИОН… во кои се афери е вмешан екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новинар, ВИП возила, владин АВИОН… во кои се афери е вмешан екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски
МАКЕДОНИЈА

Новинар, ВИП возила, владин АВИОН… во кои се афери е вмешан екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски

Објавено February 6, 2025 11:24
Сподели
Сподели

Откако Управата за финансика полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, јавноста открива нови детали за неговото несовесно работење.

Мирчевски во 2022 година се претставил дека е новинар и се потпишал на документ каде тој заедно со уште петмина исто така нарекувајќи ги новинари присуствувал на заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Бугарија. За таа цел за сите шест лица платени се шест еднокреветни соби со полн пансион да ја следат седницата и да известуваат за истата.

Освен оваа злоупотреба Мирчевски на своите патувања за приватни цели го користел и владиниот авион кој е во сопственост на СОЗР.

Кривичната пријава за Пеце Мирчевски се однесува за сторени кривични дела: примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, а за сопственик на фирма од Скопје поднесена е пријава за сторено кривично дело – давање поткуп.

Освен кај екс директорот на СОЗР, претрес било направено и во неколку економски оператори меѓу кои познатите автосервиси „Авто клима Митрески“, „Дамбо“ „Ацо Коп“ и „Прогрес авто Тетово“.

Според првичните сознанија, економските оператори со кои биле склучени договори преку тендерски постапки, наместо нови резервни делови, вградувале стари и веќе употребувани компоненти, но на фактурите биле заведени како нови, а некои исти делови биле фактурирани и повеќе пати.

Во текот на вчерашниот ден потврда стигна од МВР и од ОЈО Скопје, но во интерес на истрагата не се открија многу детали.

Полицијата утврдила и дека Мирчевски од државна сметка патувал за приватни потреби.

„Во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство“ – стои во соопштението на Финансиската полиција која ова го смета за проневера во службата, а му додава и несовесно работење бидејќи утврдила дека на еден пилот на владиниот авион за 6 месеци му исплатил над 56.000 евра за плата иако тој не ги исполнувал условите за тоа.

На Мирчевски му се става на товар и фалсификување на документација, а надлежните го сомничат дека во 5 случаи не се изземал од постапките и лажно потпишал дека со странките немал судир на интереси.

Обвинителството ја потврди акцијата но без многу детали.

„Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија.“ – стои во краткото соопштение на Обвинителството.

Нема детали дали по распитот за Мирчевски ќе се бара притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евростат: Цените во Европа паѓаат
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – четврток, 6 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб,…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Студентските домови етапно се реконструираат

Загрижува односот на политичката партија СДСМ, која денес организираше прес конференција за да изрази загриженост дека реконструкцијата на двата студентски…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

  Во Демир Хисар синоќа полицијата по наредба на јавен обвинител го претресуваше семејниот дом на директорката на средното училиште,…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?