Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција
ХРОНИКА

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

Објавено January 27, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази предложени од Обвинителството. 

Сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, прибирал и гледале видео снимки од околните објекти, кој беше недостапен на органите на прогон за друго кривично дело и не можеше да биде сослушан на претходните рочишта, минатата недела сам се пријавил во полициска станица. 

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и се очекува денеска да биде сослушан.

На минатото рочиште беа изведувани видео записи од безбедносни камери. Обвинителство презентираше видео записи од системот Сејф сити, за кои рече дека се обезбедени со пребарување по регистарски таблички на возилата Цитроен и Рено Кангу за нивното движење низ Скопје на критичниот ден на 27 ноември 2023 година и неколку дена пред да биде грабнато девејчето. 

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. 

Првообвинетиот Палевски Палчо, на минатото рочиште најави дека ќе бара изземање на обвинителството. 

– Барам да си ја уреди листата на докази оваа супер обвинителска екипа што ме обвинува. Сакам да најавам дека на следното рочиште ќе барам изземање на целото обвинителство, за што ќе приложам докази, изјави Палевски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова денес на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц
Следна Статија Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска информира дека согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената…

November 11, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Заедничка акција на Царината и МВР: Спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен…

November 11, 2024
ХРОНИКА

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години…

September 2, 2025
ХРОНИКА

Штипјанецот кој ја уби мајка си имал 2,43 промили алкохол, ја прободел со ловечки нож во вратот

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?