Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителство почна истрага за проневера во „Државна лотарија“, сакале да се офајдат со 500 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителство почна истрага за проневера во „Државна лотарија“, сакале да се офајдат со 500 милиони денари
ХРОНИКА

Обвинителство почна истрага за проневера во „Државна лотарија“, сакале да се офајдат со 500 милиони денари

Објавено December 16, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик, наведено е во соопштението од Јавното обвинителство.

„Врз основа на кривични пријави од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција, беше спроведена предистражна постапка во рамките на која беа преземени повеќе дејствија, а утрово, врз основа на соодветни судски наредби, беа извршени претреси на девет локации во Скопје и во кумановско со цел обезбедување докази за потребите на постапката. Претресите ги вршеа припадници на Министерството за внатрешни работи, под раководство на надлежни јавни обвинители. Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа ‘Државна лотарија’ на РСМ, во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво“, се вели во соопштението.

Првоосомничениот, наведено е таму, делото го сторил во својство на претседател на Управниот одбор – Генерален директор на „Државна лотарија“, додека второосомничениот презел дејствија во својство на одговорно лице – претседавач со седница на Влада одржана во својство на собрание на Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија.

„Останатите четворица осомничени биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повици, за кои постои сомнение дека ги злоупотребиле посебните овластувања и должности и ги спровеле јавните повици иако знаеле дека таква постапка во конкретните случаи не смее да биде спроведена, бидејќи не биле исполнети законски услови“, наведено е во соопштението на Јавното обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста
Следна Статија Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

42-годишен маж е пронајден мртов во викендичка во Кавадарци

Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи –…

September 4, 2025
ХРОНИКА

Сопственикот на депонијата во Визбегово му го фрлил мобилниот на новинарот во огнот

Сопственикот на отворената депонија во Визбегово, на која на 9 јули гореа авто-делови и го загади воздухот во цело Скопје,…

July 14, 2025
ХРОНИКА

„Ќерка ти усмрти дете-мигрант, плати ни 30.000 евра“: Маж од Бугарија правел дрска измама во Македонија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.…

February 17, 2025
ХРОНИКА

Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?