Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството: До 9:30 часот Вања била убиена, а „цитроенот“ запален
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството: До 9:30 часот Вања била убиена, а „цитроенот“ запален
ХРОНИКА

Обвинителството: До 9:30 часот Вања била убиена, а „цитроенот“ запален

Објавено February 3, 2025 14:56
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Обвинителството презентираше снимки што ја прикажуваат траекторијата на возилата со кои било извршено грабнувањето на девојчето.

Според обвинителката, до 9:30 часот Вања веќе била убиена, а „цитроенот“ бил запален. На снимките од Прочистителната станица во село Бразда се гледаат двете возила како се движат по извршеното убиство, упатувајќи се кон местото каде подоцна е запален автомобилот.

Во 9:08 часот на снимките минува прво едното возило, а по него и „цитроенот“. Во 9:28 часот повторно е забележано „кангуто“, но не и „цитроенот“, што, според обвинителството, потврдува дека автомобилот бил запален неколку минути претходно.

По настанот, „кангуто“ се враќа преку Чаир и Битпазар до седиштето на партијата Десна. Обвинителката Јосифовска тврди дека со возилото управувал Палевски, а до него седел Велибор Манев.

На овие наводи реагираше адвокатот на Палевски, тврдејќи дека на снимката не може со сигурност да се утврди идентитетот на неговиот клиент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На ТОАРИЛУЦ првпат во Македонија е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб
Следна Статија Oбвинители и судии здружено за криминалците: Дилер фатен со 992 грама марихуана осуден на 1 година затвор, но целата казна си ја одлежал – дома!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Над 700 загинати и повеќе од 38 илјади повредени во сообраќајки во Македонија изминативе пет години

Брзо возење, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна насока, управување под дејство на алкохол, статистиките на МВР покажуваат…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Обвинетата докторка онколог Мери Пешевска доби условна казна за скандалот „Онкологија” од 2 години за несовесно лекување болни која нема…

September 22, 2025
ХРОНИКА

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

Основниот суд во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко за кривичното дело „несовесно работење во службата“, поради нерегуларности…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?