Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад
МАКЕДОНИЈА

Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад

Објавено February 2, 2025 16:01
Сподели
Сподели

Од рано утринава е во тек координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади со асистенција на униформирани полициски службеници.

Во акцијата е одземена голема количина на различни видови отпад и извршено е уривање на три бесправно изградени објекти кои служеле како работилници за преработка на отпад.

Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба“ се собра повеќе од 50 тони отпад кој беше во дворот на објектите, соопштија од општината.

Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против едно лице кое спротивно на Закон вршело различен вид на активности без за тоа да поседува соодветни дозволи за вршење на дејност, а согласно Законот за управување со отпад.

Од таму најавуваат дека во соработка со Владата и со Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе се донесе трајно решение за проблемот со „Ранка Милановиќ“.

Домот „Ранка Миловановиќ“, служеше како дом за штитеници, односно за деца и за младинци со проблематично поведение. Во 2019 година тие беа префрлени во мали групни домови, со што најпрво се подобрија условите во кои живееја штитениците, но и се подобрија безбедносни причини, бидејќи некои од нив често беа обвинувани за кражби во околината и за константни тепачки.

Оттогаш пак, се појави друг проблем. Објектот стана дом на бездомници, каде се вселија цели семејства со мали деца, кои живееја во никакви услови. Често без вода и без струја, а во просториите и и во дворот се трупаше отпад од секаков вид.

Дел од медиумите пишуваа дека во домот живеат шеесетина семејства, најчесто со мали деца. Дел од нив беа преселени од дивата населба под калето, а дел беа однесени во ценатор тво Визбегово.

Неколкупати се спроведуваа акции за чистење во домот, но општината не можеше повеќе да направи, затоа што од Министерството за труд и социјална политика, им соопштија дека тоа е приватен имот и дека не смеат да дејствуваат таму. 

Општина Гази Баба бара Владата да им го додели објектот, кој би го реставрирале и би го намениле за образование и здравство, според Деталниот урбанистички план. Дали тоа ќе се случи наскоро, останува да видиме. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа
Следна Статија Исто сценарио: По Мајдан и Грузија, запросување на протестите падна и во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

Петар Богојески за прв пат доби државна функција откако со неговиот „Македонски концепт“ стана коалиционен партнер во власта. Лидерот на…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не е полициски службеник: Санкциониран возачот кој непрописно го паркирал возилото во Дебар Маало

Санкциониран возачот кој непрописно го паркирал возилото во скопско Дебар Маало, внатрешната контрола при МВР го испитува случајот, информираат од…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од…

March 8, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?