Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи се заканува: Мицкоски ќе сфати дека ако не сме во Влада мир нема да има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи се заканува: Мицкоски ќе сфати дека ако не сме во Влада мир нема да има
ПОЛИТИКА

Османи се заканува: Мицкоски ќе сфати дека ако не сме во Влада мир нема да има

Објавено December 24, 2024 11:40
Сподели
Сподели

„Не по секоја цена сметам дека ДУИ треба да победи, меѓутоа граѓаните треба да одлучат кој ќе ги претставува во институциите, бидејќи често кога ние зборуваме за легитимитет ни се префрлува – а овие не можат сега без власт. Не зборам за ДУИ, можеби на наредните избори ДУИ ќе добие помалку, еве нека биде таа анкета точна, ама сакам да има легитимен претставник во владата, не мора да е тоа ДУИ“, вели потпретседателот на ДУИ во интервју за „360 степени“ на МРТ 1

360°: Како мислите дека сето ова (случаите со Артан Груби, н.з.) се одразува и ќе се одрази на поддршката кај гласачите? Видовме една анкета деновиве…

Османи: Не, анкетата беше наменска, беше направена намерно како ден после „црната листа“, објавена три дена после, јас знам како се прават анкети.

360°: Ама проверете си ги постовите, претходнио вие сте ги споделувале анкетите на „Маркет вижн“, на истата агенција вие сте ги споделувале анкетите.

Османи: Ние си правиме и наши анкети и истиот ден беше објавена дел и од нашите внатрешни анкети, резултатите не се такви. ДУИ е во огромна предност пред Влен. Едноставно, Влен толку се, се разголи пред албанската јавност, се гледа дека нема основни принципи таму, таму е преживување за власт, купување ден, ден повеќе. Паѓа правото на етничка припадност од Уставниот суд којшто е сржта на Рамковниот договор, нема Рамковен договор после 17 октомври.

360°: Тоа е ваша интерпретација.

Османи: Не, тоа е интерпретација на правниците, тие велат ќе донесеме закон, законот го нема. Паѓа друг столб на Рамковниот договор, ќе направиме во иднина и мислам дека во тој дел не може да се спореди како знаење, како капацитет човечки, меѓутоа и како програмски ДУИ со партиите од Влен.

360°: И мислите дека тоа што Груби заврши на американската „црна листа“, тоа што сега се отвора истрага за него, ќе видиме дали ќе има евентуално и други случаи против поранешни функционери, тоа ви оди во прилог и ви го крева рејтингот?

Османи: Видете, Груби нема да конкурира во име на ДУИ на ниедни избори, тој сам се повлече од ДУИ бидејќи не сакаше, и сметам дека тоа е чин на одговорност, не сакаше тој товар да го сноси партијата, бидејќи не може да го сноси партијата тој товар. Меѓутоа, програмски, ДУИ е неспоредлива во однос на тоа што го нуди Влен, „инженериран“ политички проект чии соопштенија се пишуваат на македонски во седиштето на ВМРО, се преведуваат после на албански – нели имаше едно соопштение преведи на албански или, пак, анкети со коишто се „инженерира“ политички претставник на Албанците… Не функционира тоа, сме го виделе порано, го правеа други власти порано кога се обидуваа да „инженерираат“ политички претставник на Албанците. Оставете на Албанците тоа да одлучуваат. Не по секоја цена сметам дека ДУИ треба да победи, меѓутоа граѓаните треба да одлучат кој ќе ги претставува во институциите, бидејќи често кога ние зборуваме за легитимитет ни се префрлува – а овие не можат сега без власт. Не зборам за ДУИ, можеби на наредните избори ДУИ ќе добие помалку, еве нека биде таа анкета точна, ама сакам да има легитимен претставник во владата, не мора да е тоа ДУИ.

360°: Вашата политичка мантра сега е повик за предвремени парламентарни избори заедно со локалните в година кога треба да се да се одржат, затоа што владата ја сметате за нелегитимна за Албанците. Сега како што стојат работите, веројатно тешко ќе се случи тоа. Како ќе се поставите политички сега, како ќе ја димензионирате вашата политика во овој период, во вакви околности?

Османи: Мислам дека ВМРО ДПМНЕ полека ќе сфати дека со влада без етнички легитимитет имаме една дисторзирана ситуација којшто постојано произведува некаква си тензија во јавноста.

360°: Притоа, господине Османи, вие имавте 137 илјади гласа во коалиција во којашто имавте турски, бошњачка и ромска партија, а Влен имаа 107 илјади гласа.

Османи: Не, не е така, тој е број на пратеници, Фронтот има 16 пратеници Албанци, тие имаат 13, во демократијата е еден глас повеќе. Инаку, се губи смислата зошто се натпреваруваме, се губи смислата зошто јас треба да бидам подобар од некој од Влен, чуму е смислата. Знаете што е најважно, во иднина ќе се гради една политичка елита на Албанците на којашто поважно ќе и биде да бидат блиски со лидерите на македонските политичките партии отколку со народот, полека народот ќе почне да се одвојува од политичките елити, кога имате народ на којшто елитите немаат влијание лесно ќе ви се киднпаира од различни идеи. Утре една радикална идеја од било каков карактер ќе дојде и ќе се обиде да внесе влијание во народот, а политичките елити нема да имаат веќе влијание врз нив.

360°: Прво, Уставот ги содржи заштитните механизми и тој ги штити Албанците од надгласување во парламентот, механизмот на Бадентер не може да биде доведен во прашање.

Османи: Како не може, со одлуката на 17 октомври на Уставниот суд каде што се забранува етничка идентификација.

360°: Ама тоа е ваша ваша интерпретација, еве си функционира Бадентер во парламентот, не е дека не функционира сега.

Османи: Уставниот суд донесе одлука дека претставувањето на етничката припадност е кршење на фундаменталното право на луѓето.

360°: При вработување, при вработување.

Османи: Не пишува при вработување, балансерот е една алатка којашто паѓа како резултат на забраната за етничка идентификација, утре ќе падне и Бадентерот.

360°: При вработување, и на последните избори кандидатите за пратеници потпишаа претходно изјава и се декларираа етнички.

Осамни: Тогаш немаше одлука на Уставниот суд.

360°: А што, на следните избори нема да се декларираат?

Османи: Со таа интерпретација нема да можат ниту пратениците да се изјаснат за етничка припадност.

360°: Мислам дека преслободно и прешироко ги толкувате одлуките и дека не е така. Дополнително, Владата рече дека подготвува нов закон за соодветна и правична застапеност.

Османи: Врз основа на кој дел од Уставот?

360°: Веројатно пак ќе биде базиран на процентите, нема на што друго.

Османи: Како ќе се базира кога во Уставот е веќе забрането правото на етничка идентификација.

360°: Ама не е така, речеме член 8 од Уставот, ја имате темелната уставна вредност на соодветна и правична застапеност.

Османи: На 17 октомври Уставниот суд донел одлука дека претставувањето на етничката припадност во институциите е спротивно на фундаменталните човекови права. Дадена е интерпретација општа со којашто целиот концепт на Рамковниот договор којшто се засновува на етнички заедници е срушен. Денес паѓа балансер, утре ќе падне Бадентер и секој друг заштитен механизам којшто произлегува од внесувањето на етничките заедници. Некој може да каже доста со етнички заедници и нас ни треба граѓанска држава.

360°: Значи, тоа не е можно затоа што уставните измени кои произлегуваар од Рамковниот договор се дел од Уставот и нема назад.

Османи: Јас ви кажувам ставови на уставни судии коишто не гласаа на 17 октомври и коишто јавно го искажуваат тој став, дека одлуката од 17 октомври е тенденциозна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ова никогаш претходно не се случило: навивачите на Звезда масовно скандираа „Вучиќ, пе*ер“
Следна Статија Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на…

February 16, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас

Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат. Никој никому не може да направи толкава штета…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити. Вели, не било тајна дека Арбен преговарал…

April 16, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?