Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Објавено December 7, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија? Дали стекнатите сознанија и искуства за здравствена заштита базирана на вредности можат да се применат во државата?

На овие прашања на конференцијата „Улогата на здравствената заштита базирана на вредности и тестирањата на биомаркери во модерната онкологија“ дебатираа претставници на здравствените власти, онколози, патолози, голем број експерти и пациенти. Беа одржани и предавања од еминентни доктори и истражувачи од Италија, Велика Британија и Словенија, кои ги изнесоа своите искуства во однос на примената на моделот на здравствената заштита базирана на вредност каде што во центарот се става пациентот.

Конференцијата беше организирана од МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, МАРО – Македонско здружение за радиотерапија и онкологија, Македонско здружение за патологија и Рош Македонија. Рош е една од најголемите светски фармацевтски компании и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести. Симбол на конференцијата беше рубиковата коцка, со што се испрати порака до сите чинители во здравствениот систем – „коцката е фрлена, да размислиме како да дејствуваме во најголем интерес за пациентите и здравствениот систем!“

Во 2023 година, како што изнесе aкадемик проф. д-р Александар Димовски од Македонската академија на науките и уметностите, во Македонија имало над 5 000 нови онколошки пациенти. Оттаму, на конференцијата се наметна прашањето за улогата и принципите на здравствената заштита базирана на вредности и нејзината применливост, како и за сите предизвици пред кои е застаната земјава во однос на ова прашање.

Со здравствена заштита базирана на вредности фокусот се става на пациентот, на корисникот на услугата. Прашање на време е кога овој систем ќе се имплементира и кај нас, оти нашиот систем е финансиски неодржлив, но и човечки неодржлив, и за пациентите и за давателите на услуги. Со овој модел се гледа целиот пат на пациентот. Не е исто ако пациентот трипати се враќа на клиника, или ако работоспособноста ја сметате кај 30-годишен или кај 75-годишен човек. Едноставно, различно се постапува и пристапува. Не може патеката да ја гледате ако не седнат сите заедно, само тогаш ќе може да се види исходот“, рече проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Доц. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот, ги потенцираше клучните проблеми во здравствениот систем кои мора да се надминат за да може да се воспостави здравствена заштита базирана на вредности.

„Ние во овој период на пост-ковид епидемија, живееме во епидемија на незаразни болести, а доминираат онколошките заболувања. Затоа ни е потребна вистинска анализа и вистински вредности, активности базирани на реални, точни и прецизни податоци од редовно ажурирани регистри кои во земјава треба да ги подобриме, бидејќи тоа ќе помогне во грижата за онколошките пациенти. Зголемувањето на онколошката грижа би се одвивала во процес на децентрализација, бидејќи сведоци сме дека сѐ е централизирано, пациентите се насочуваат на едно место и тоа прави проблеми на системот. Со процесите на дисперзија ќе се придонесе онколошката грижа да се подобри во значителна мерка“, рече д-р Николов.

Тој додаде дека во моментов се прават планови и стратегии за онколошка грижа и дека е потребен Национален план за третман на онколошки пациенти.

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, исто така се осврна на клучните проблеми при имплементацијата на здравствена заштита базирана на вредности: непостоење на регистар и стручна комисија, со цел на исто место да бидат сите податоци за онколошките пациенти за да можат да бидат мерливи.

Имаме стручна комисија за малигни заболувања, но таа, според мои сознанија, не функционира. Таа треба да донесе еден мултидисциплинарен пристап кон онколошките пациенти. Сметам дека стручната комисија треба да профункционира како прв чекор во овој систем. Регистарот, исто така мора да функционира. Мора да знаеме точно колку пациенти имаме“, рече Клековски.

Милан Мишковиќ, претседател на Националната алијанса на пациентски организации во сегментот на здравствената заштита базирана на вредности се осврна на раната дијагностика, превенцијата и подигнување на свесноста.

„Важно е да се размисли како да стигнеме до еден модел каде што можеме да помогнеме на онколошките пациенти. Без рана дијагностика тоа многу тешко ќе го постигнеме. Она што го приметувам кај нас е дека имаме зачетоци на многу работи, но не се завршуваат до крај. Оттаму е прашањето што точно треба да реорганизираме за пациентот навистина да биде во центарот? Ние пациентите мора да добиеме дијагностика, потоа терапија и процедура која треба да се одвива во следниот период. Нам ни требаат целисходни програми каде што ние заедно, мултидисциплинарно, ќе работиме на повеќеслојно ангажирање на повеќе нивоа, за да добиеме структура која што ги раслои предизвиците и за крај, да процесираме одредени програми. Она што сакам да го видам е ентузијазмот, сето ова да се креира во вредност која ќе биде во полза на пациентите“, рече Мишковиќ.

Акад. проф. д-р Александар Димовски, надоврзувајќи се на ова, заклучи: „Пациентот е центарот на здравствената заштита базирана на вредности, вклучително и на идни модели кои би ја подобриле онколошката грижа“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анџелина Џоли го збуни водителот и публиката- влезе босонога во емисија (ВИДЕО)
Следна Статија Сиљановска не е во Париз поради дефект на авионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и до нивните блиски, да останат смирени,…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Извршена е трансплантација кај пациент, со руптура на преден вкрстен лигамент

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој…

February 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со…

June 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви…

March 17, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?