Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски
ПОЛИТИКА

По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

Објавено October 3, 2024 20:13
Сподели
Сподели

Што треба да направат некои други држави затоа што нивните сонародници во трети земји напредуваат заедно со тие трети држави. Не е тоа аргумент. Што треба сега Финска да ѝ објави војна на Русија затоа што финското малцинството во Русија не напредува како што Финска напредува? Не ја разбирам логиката. Што повеќе соседи околу нас станат дел од ЕУ, толку подобро. Тоа де факто ќе значи дека и ние сме дел од ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски за евроинтегративниот пат на земјава и одвојувањето од „пакетот“ со Албанија.

Како што изјави претседателот на Владата во емисијата „Само интервју“, „нашиот западен сосед не е поподготвен од нас и не е понапред“. Сепак, им посака успех и за најбрзо што може да ги почнат преговорите со ЕУ.

-Вие мислите дека тие се поподготвени од нас и дека понапред се? По кој параметар?, прашува Мицкоски, додавајќи дека „Бугарија, Романија, Хрватска, Србија и Црна Гора во процесот на преговори не не претркаа затоа што се понапред, туку едноставно имавме билатерални проблеми – прво името, а сега и идентитетот со Бугарија“.

На 15 октомври Албанија ќе го отвори првиот кластер во преговорите со што ќе премине во втората фаза од преговорите.

Македонија и Албанија станаа пакет во 2018 година кога по решевањето на спорот со Грција сепак беше донесена одлука Македонија веднаш да не добие датум за преговори.

Тогаш клучниот момент беше барањето на Франција за нова методологија за преговори, па проширување, што резултираше со блокирање на одлуките за давање на датум за преговори и формирање на пакетот Скопје – Тирана.

Обиди за раздвојување на патот на двете земји имало во неколку наврати потоа, но неуспешни поради противење на неколку од водечките земји во Унијата, како Франција, Германија, Италија, но и Грција, кои сметаа дека раздвојувањето би било контрапродуктивно за регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски од ПССЕ: Не постои случај каде бугарското малцинство било дискриминирано во нашата земја
Следна Статија Борис Џонсон: Нетанјаху ми постави апарат за прислушување во бањата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дел

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ го потсетува новиот државен јавен обвинител да постапи за откриените бизнис шеми на Мицкоски во енергетиката

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на денешната прес-конференција од седиштето на партијата упати потсетување до…

March 20, 2026
ПОЛИТИКА

Томовски ги демантира обвинувањата од СДСМ

иректорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски преку објава на Фејсбук ги демантира денешните обвинувања од СДСМ.…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?