Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По раскинувањето на договорот со „Марковски компани“ АД ЕСМ со најава, ќе преземе мерки пред судските органи од несовесното извршување на обврските
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > По раскинувањето на договорот со „Марковски компани“ АД ЕСМ со најава, ќе преземе мерки пред судските органи од несовесното извршување на обврските
ЕКОНОМИЈА

По раскинувањето на договорот со „Марковски компани“ АД ЕСМ со најава, ќе преземе мерки пред судските органи од несовесното извршување на обврските

Објавено December 6, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Откако актуелното раководство на РЕК Битола еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со „Марковски компани“, АД ЕСМ, согласно своите обврски и надлежности ќе ги преземе сите чекори пред управните и судските органи кои ги има на располагање и на кои е обврзано со закон, имајќи ги предвид сите последици кои се произлезени од несовесното и неквалитетно извршување на договорните обврски, информираат од АД ЕСМ.

Според соопштеното, предметниот економски оператор не ги почитувал одредбите од договорот уште од самиот почеток во февруари годинава, така што и претходното раководство на РЕК Битола имало основа за раскин на соработката, но тоа не било направено.

„Носителот на набавката во континуитет не ги почитувал предвидените обврски за одговорно, целосно, стручно, квалитетно, совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. Поради неиспорачаните количини кои РЕК Битола веќе ги имал предвидено во планот за производство на примарна енергија и кршењето на договорните обврски од страна на предметниот оператор, Комбинатот бил доведен во ситуација да врши дополнителна набавка на јаглен од надворешни фирми за да овозможи стабилна и континуирана работа на блоковите во ТЕ „Битола“. Исто така, со несоодветната динамика за отстранување на меѓуслојните јаловински маси при експлоатација, ја нарушил геомеханичката стабилност на рудникот Брод Гнеотино.

Во меѓувреме, РЕК Битола со реорганизација на работните процеси ќе се обиде да го премости периодот без надворешна механизација преку зголемување на ископот на јаглен од рудникот Суводол, како и со набавка на јаглен од постојните договори со економски оператори“, истакнуваат во напишаното од страна на АД ЕСМ.

Земајќи ги предвид сите законски можности, со спроведување на транспарентни и недискриминаторни постапки согласно Законот за јавни набавки, компанијата, појаснуваат од таму, ќе креира платформа за лојална конкуренција, со можност за пониски цени на договорните услуги и ќе овозможи непречено функционирање на работните процеси. На тој начин, како што велат, ќе се обезбеди континуиран дотур на јаглен за производство на електрична енергија и стабилно функционирање на македонскиот електроенергетски систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита: Софтвер ќе детектира злоупотреби – картичка за купување на македонски производи
Следна Статија Бове повеќе не може да игра во Серија А, му вградија дефибрилатор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Британски синџир супермаркети дава по 1 фунта на секој клиент кој ќе им помогне да ги фатат крадците во продавници

Синџирот супермаркети „Исланд“ во Велика Британија им нуди на своите клиенти една фунта како награда на нивната картичка за лојалност…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска

ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност, што е потврда дека секој мегават од браната која ќе биде изградена, ќе претставува чекор…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк

Владата на денешната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан…

July 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Словенија и одржа лекција по економија на Европа

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по состанокот на Советот на ЕЦБ, истакна дека Словенија…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?