Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин
МАКЕДОНИЈА

По смртта на Фросина, Стојаноски најавува законски измени: Поголеми казни и да не може еден судија да толкува на еден, а друг на друг начин

Објавено January 31, 2025 21:07
Сподели
Сподели

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски истакна поддршка денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека в петок во Собрание ќе започнат измените на законите, односно промена на квалификативите за што се обвинуваат сторителите на ваквите дела.

Како што вели, тие го поддржуваат денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова.

Тоа што се случи вчера е еден грозоморен чин. Ние многу пати во минатото сме апелирале на нефункционалност на системот, па загрижувачки е кога системот ќе почне да убива луѓе како тоа што се случи вчера, под нејасни околности, тоа лице кое што сторило неколку кривични дела не било таму каде што му е местото, туку на скопските улици, вели Стојаноски за телевизија Сител.

Тој најавува јавна дискусија и почеток на постапка за законски измени за кои уште денеска дискутирале како пратеничка група, во соработка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Треба да се проверат оние членови на законите кои што ги терминираат казните за овие дела бидејќи сега вака како што се поставени, некој судија може да ги толкува на еден или на друг начин. Веќе во понеделник ќе почнеме со поставка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието, и тоа експресно брзо ќе се случи веќе наредната недела. Да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите дивјаци, ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети и овие дела повеќе да не ни се случуваат, вели Стојаноски.

Како што вели, и овие 2% доверба во правосудството и судството се високи за сопствената работа која ја покажуваат.

Ние какви и закони да сакаме да направиме, ако тие луѓе не си ја работат работата или ако наоѓаат дупки во законите да го прават ова што го прават, тогаш тоа нема да ги даде одговорите на прашањата, вели Стојаноски.

Стојаноски додава дека треба да се интервенира во законите со цел да се одземе можноста за различно толкување и да не се случува повеќе прогледување низ прсти за тие кои имаат кој да ги извади или врски во правосудството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп од утре воведува високи царини за увоз од Кина, Канада и Мексико
Следна Статија (Видео) Нова авионска несреќа во САД: експлодираше медицински авион, нема преживеани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме

Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

По една деценија застој, зградите кај Ректоратот добиваат нов живот – ќе ги користи ФИНКИ

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија изградба е стопирана повеќе од една…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Националната ИКТ стратегија е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој– Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тројца тешко повредени пациенти транспортирани во Солун

Првите три пациенти од Клинички центар кои се тешко повредени по пожарот во дискотеката во Кочани, тргнаа со возила опремени…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?