Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец
ХРОНИКА

Почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од Танец

Објавено November 19, 2024 14:40
Сподели
Сподели

На 84 годишна возраст, во неделата почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од „Танец“, а погребот се одржал вчера, соопштија од Ансамблот.

Зорка Метикош е родена во 1940 година во скопското село Чучер и беше вистински извор на ора и песни од богатата ризница на македонскиот фолклор. Во ансамблот Танец е од 1960-та година и во него поминува цели 30 години до своето пензионирање во 1990.

-Таа, целото свое знаење и умеење го посвети на ансамблот, пренесувајќи голем број на песни и игри научени од теренот. Беше фолклорен уметник со извонредени вокални и играорни способности.

При изведување на песните од кореографскиот репертоар на Танец, беше препознатлива по извонредните изведби и нејзиниот убав сопран, а меѓу колегите и кај публиката важеше и за извонреден техничар при изведувањето и пренесување на стапките на изворните ора. Посебен траен белег остави во изведбата на „Невестинското“, а за многу генерации играорки беше пример како достојно се носи галичката носија, преку нејзиниот стамен став и нејзините одмерени и грациозни чекори при изведбата.

Оттука, Зорка Мекинтош ќе остане втисната во историјата на Танец како синоним за трајна вредност, велат од ансамблот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена е убиена во двор од куќа во Подгорица
Следна Статија Николоски најави: Преку „Купи куќа за млади“, младите брачни двојки полесно до свој нов дом

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во Белгија пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин…

January 22, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Казнет возачот кој со „ауди“ возеше по тротоар на Бит Пазар!

Полицијата денеска го пронашла, извршила службен разговор и го санкционирала возачот кој на 28-ми овој месец возел со автомобил по…

March 31, 2025
ХРОНИКА

ДЕТАЛИ ЗА НАЈНОВАТА АКЦИЈА: 20 лица под истрага за штета на државниот буџет за близу 5 милиони евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до…

January 16, 2026
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка?

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?