Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Објавено November 7, 2024 09:43
Сподели
Сподели

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.

На собирот, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, е најавено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во пресрет на Самитот се појавија информации дека Орбан на маргините на собирот ќе организира средба на Мицкоски со бугарскиот претседател Румен Радев, но македонскиот премиер вчера изјави дека таква средба не е договорена, но дека е подготвен за разговори.

-Подготвен сум да разговарам со секого, секаде, врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е не да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски.

Подготвеност за разговори Мицкоски искажа уште кон средината на минатиот месец, кога некои медиуми ја најавија можноста за средба Мицкоски-Радев во Будимпешта.

-Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде каде било, да седнеме, да разговараме и да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права и ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече тогаш Мицкоски.

Инаку, на денешниот Самит во Будимпешта предвидено е да стане збор за главните безбедносни предизвици што ја засегаат Европа, предизвикани од тековните конфликти, пред се руската агресија врз Украина и актуелната ескалација на насилството на Блискиот Исток.

Покрај ова ќе се одржат и посебни сесии посветени на миграцијата, приливот на илегални мигранти и нивната инструментализација, на економската безбедност, како и на прашања за поврзаноста на енергијата, транспортот, информатичката технологија и глобалната трговија.

Покрај пленарните сесии на маргините на форумот се предвидени и билатерални средби на учесниците.

На Самитот, покрај земјава, се поканети и останатите пет држави од Западниот Балкан, 27-те членки на ЕУ, како и Андора, Азербејџан, Велика Британија, Ерменија, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако Норвешка, Сан Марино, Турција, Украина и Швајцарија.

Во поканата за учество на Самитот се нагласува дека тој се одржува во време на реалност обележана со повеќе кризи.

– Руската агресивна војна против Украина влегува во третата година и продолжува да беснее. Насилството со човечки жртви се повеќе се разгорува низ Блискиот Исток и се заканува дополнително да ескалира. Конфликтите и нестабилноста се во пораст и во Африка. Нерегуларната миграција и нејзината инструментализација претставуваат дополнителен предизвик за Европа. Глобалната економија повторно се движи кон фрагментација што влијае на нашите економски модели, се наведува во поканата.

Сето ова, се додава, ги ставаат на ризик мирот, стабилноста и просперитетот во европскиот регион.

– Убедени сме дека одлуките што ќе ги донесеме за справување со овие кризи ќе ја одредат нашата иднина во наредните децении, се вели во поканата.

Одлуката за создавање на Европската политичка заедница беше донесена на Самитот на ЕУ во јуни 2022 година, со цел да се здружат земјите на европскиот континент, да се поттикне политичкиот дијалог и соработката меѓу низ за прашања од заеднички интерес и да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот во Европа, во услови на драматичните последици од руската агресија врз Украина.

Овој формат е замислен како платформа за политичка координација и не претставува замена за ниту една постоечка организација, структура или процес и во оваа фаза нема намера да прерасне во нова организација, структура или процес.

Првиот Самит на Европската политичка заедница се одржа во Прага во октомври 2022 година и на него главно се разговараше за мировните и безбедносните прашања поврзани со војната во Украина и енергетската криза што таа ја предизвика. На Втората средба на врвот во Кишинев во јуни 2023 година се разговараше за заедничките напори за мир и безбедност, енергетска отпорност и за поврзувањето и мобилност во Европа. Третиот самит се одржа во Гранада во октомври 2023 година, на кој лидерите разговараа како Европа да се направи поотпорна, просперитетна и геостратешки позначајна. Четвртата средба на европските шефови на држави или влади се одржа во јули годинава во замокот Бленхајм крај Оксфорд и на неа се дискутираше за одбраната, заштитата на демократијата, миграцијата, енергијата и поврзаноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Харис: Го признавам поразот, но не се откажувам од борбата за слободата и идеалите
Следна Статија ЛШ: Интер го победи Арсенал, Барселона ја декласира Црвена Звезда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски

Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување

Согласно законот, не е дозволено членување во политички партии за ниту еден од вработените. Исто како што е во МВР.…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?