Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Премиерот не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава
ЕКОНОМИЈА

Премиерот не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава

Објавено October 18, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава и покрај најавите на некои европски земји дека очекуваат проблеми во текот на зимава.

-Што се однесува до турбуленции на пазарот на електрична енергија во Европа, јас бев меѓу првите уште летоска којшто зборуваше дека како ќе доаѓа зимата, така ќе има потреби да се влече енергија од пазарот во Европа од страна на Украина, бидејќи за жал таму поради руската агресија е целосно уништен електроенергетскиот систем на државата. Сето ова ќе влијае во насока на зголемување на цените на електричната енергија на берзите, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто.

Тој додаде дека сепак не очекува да има некои позначителни потреси на пазарот во земјава.

-Од она со кое што располагам како информација, на почетокот на грејната сезона имаме за повеќе од два и пол пати помалку дефекти од она кое што било по принципот како до сега. Она што го имаме како располагање на ресурс во РЕК Битола и во другите електрани е на нивото очекувано за овој период од годината. За жал, хидрологијата е намалена, некаде околу 22-23 проценти, можеби требаше да биде над 30 во овој период но таква беше годината – сушна. Ценам дека капацитетите со коишто располага државата подготвени ќе ја дочекаат и ја дочекаа оваа грејна сезона и не очекувам да имаме некои позначителни потреси на пазарот, рече Мицкоски.

Во моментов, како што кажа, работат двата блока во РЕК Битола, бидејќи нема потреба за повеќе, а од втора половина на декември ќе биде вклучен по потреба и третиот блок.

За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, рече дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада.

-Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога тие ќе бидат готови ќе донесеме одлука која што е најважна и најдобра за граѓаните, рече Мицкоски.

Во насока на консолидација, како што посочи, е и одлуката да не се префрлаат пари на АД ЕСМ, туку самата компанија преку кредит да си ги плати старите долгови.

-Пари на Државни електрани се префрлувале. Поентата е сега со работењето на ова раководство да се консолидира компанијата и помалку да се префрлаат. Тоа е суштината. Кредитот којшто е земен е за да ги плати старите долгови наследени од претходното раководство во големина од пет милијарди денари и тоа се средства коишто се наследени од претходно. Заемот е земен по исклучително поволни услови, ќе има и грејс период од две-три години, доволен период за да може компанијата да се консолидира. Ние продолжуваме да работиме во насока на консолидирање на јавниот сектор и државата од она кое што е наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ и добро е што полека но сигурно се консолидира сето ова, потенцира Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег
Следна Статија Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата скокна 102 долари по барел

Цените на нафтата денес на меѓународните берзи пораснаа кон 102 долари, бидејќи суспензијата на американските санкции за руските барели беше…

March 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична…

August 18, 2025

Идни акции мирно стојат пред извештајот за вработувањето и потенцијалната одлука за царините

Трговците се подготвуваат за декемвриски извештај за вработувањата и можна одлука на Врховниот суд за царините.

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?