Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот Костадиновски обвини за политичко насилие, уцени и притисоци врз Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателот Костадиновски обвини за политичко насилие, уцени и притисоци врз Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Костадиновски обвини за политичко насилие, уцени и притисоци врз Уставниот суд

Објавено December 11, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Ние изминатиов подолг период сме сведоци на едно непримерно, можам да го наречам и политичко насилие, влијание, притисоци на некој начин и уцени на Уставниот суд. Тоа е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка култура, да не зборувам за уставна култура, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

-Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од никого и нема да дозволам да биде под притисоци и закани од било кого. Секој што мисли дека владеењето на правото, правната држава ќе ја попречат со политичко влијание и со манипулации, воопшто да не се трудат. Такво нешто нема да се случи. Уставниот суд има јасни надлежности, ги црпи од Уставот. Уставниот суд е чувар на Уставот и го чува во таква форма, таков како што е, нагласи Костадиновски.

Претседателот на Уставниот суд додаде дека воопшто не сака да комуницира и полемизира со политичарите, но нагласува дека се приморани на некој начин да им се обратат на граѓаните и да ги уверат во независноста и непристрасноста.

Потенцираше дека денешната одлука на Уставниот суд, не сака од никој да биде сфатена како слабост или подлегнување под некој притисок.

Ние продолжуваме со постапувањето по тој предмет (Закон за употреба на јазиците). Тоа е најстариот предмет во овој суд, повеќе од пет години и нашата денешна одлука треба да биде толкувана како врвен чин на одговорен пристап и највисока почит и должност кон граѓаните, да не дозволиме да бидат манипулирани и лажени од политичарите, дециден е Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции
Следна Статија Се исполнува ветувањето на Николоски: Наскоро Туркиш ерлајнс почнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поезијата на Иван Штрпка има интимна, медитативна, комуникативна и антрополошка димензија, вели академик Ќулавкова во беседата за лауреатот на СВП

Во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа се одржа традиционалото поетско претставувањеа добитникот на „Златен венец“ на Струшките вечери на…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предвесник за Христовото раѓање: Денеска е Бадник, утре е Божиќ

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјанката Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, е лауреат на Светската награда на хуманизмот за 2025 година

Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, е годинешниот дубитник на Светската награда на хуманизмот, со која Охридската академија…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука, посочи претседателот…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?