Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

Објавено November 23, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси – изјави денеска Јовица Зафировски.

Тој посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во УЈП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Ние имаме 200 автобуси, можеме да го покриеме недостатокот на автобуси од ЈСП и целата криза ќе заврши многу брзо. Ќе оставиме простор на состанокот да видиме какви се можностите на Град Скопје – рече Зафировски.

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на природен гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта. Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Белград најави можност за набавка на нови електрична автобуси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сцена како од филмот „Кум“: На сицилијански бизнисмен му оставиле коњска глава во дворот
Следна Статија Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Проблем за авионите над Скопје: Летови од Истанбул и Венеција пренасочени поради опасен ветер

Два авиона, од Истанбул и Венеција, беа пренасочени кон Приштина поради опасен метеоролошки феномен „wind shear“ над Скопје. Екипажите не…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска ќе оди во Бугарија

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, се вели во соопштението…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот

Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?