Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен
ХРОНИКА

Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата, сведокот Трајковски и натаму недостапен

Објавено January 20, 2025 10:59
Сподели
Сподели

Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неосновано барањето за изземање на судијата Ивица Стефановски, поднесено од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. 

Палевски, на претходното рочиште побара изземање на судијата Стефановски, бидејќи, како што рече, се работи за спрега меѓу судот, полицијата и обвинителството. Според Палевски, недозволиво е судијата да не е заинтересиран за пронаоѓање на оружјето со кое се извршени двете убиства, а пронајдената чаура во близина на Велес да не е доставена како доказ. 

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува со изведување на материјални докази од Обвинителството. 

Судијата на почетокот на рочиштето информираше дека добил известување од МВР дека сведокот Гоце Трајковски не е достапен на органите на прогонот. 

Обвинителката Жаклина Трајковска, рече дека Обвинителството не го повлекува предлогот за негово испитување, бидејќи, како што рече, постои можност да крајот на постапката да стане достапен и биде испитан за околности кои се значајни за постапката. 

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на почетокот до Судот поднесе пријава за лажно вештачење против сведокот на Обвинителството Ерол Османи, за што рече дека ќе достави и докази. 

На минатото рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.  

Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата. Според ДНК анализата од самолепливата лента која била на устата на Вања, пронајдени се мешани траги од девојчето, како и, најверојатно траги од обвинетиот Велибор Манев.  

На судењето беше презентирано и психијатриското вештачење на обвинетите кое покажало дека сите биле пресметливи, односно знаеле што прават во моментот на извршување на делото. За нивните жртви, повикувајќи се на психијатриските наоди, обвинителката Трајковска, рече дека претрпеле тешко психичко страдање со силен интензитет.  

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. 

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп,  додека, грабнувањето на Жежовски било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. 

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По Доналд Трамп и Меланија Трамп лансираше своја криптовалута
Следна Статија Конан О’Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фатен со мито: Приведен раководителот на урбанизам на Маврово Ростуше

На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Лишени се од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Притвор му бил одреден на неготинец под сомнеж за лихварство, кривична пријава за насилство била поднесена против неговата невенчана сопруга.…

October 12, 2025
ХРОНИКА

Онесвестен маж со повреди на главата пронајден на улица

Вчера во 18.40 часот, во СВР Битола било пријавено дека во с.Вирово, демирхисарско, бил пронајден во бессознание и со повреди…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот

Тешок инцидент ја потресе Виница, откако кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заврши во кома по жестока тепачка…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?