Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, денеска во Неготино се одржува протестен марш поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, прегазена од Васил Јованов, кој бил пијан, без дозвола и поминал на црвено.
Другарките на Фросина организираа бесплатен превоз за учесниците од други градови.
Маршот започна во 14 часот на улица „Маршал Тито“, а учесниците испратија силна порака за крај на сообраќајното насилство и почитување на законите.